Истражувањата откриваат: Интелигентните мажи ја ценат верноста во љубовната врска

Паметните луѓе се позаборавени, се однесуваат бунтовнички во младоста, но и помалку изневеруваат кога се во прашање љубовните врски. Во едно истражување од 2010 година откриено е дека кај мажите со повисок коефициент на интелигенција постојат помали шанси да бидат неверни.

Истражувањата откриваат: Интелигентните мажи ја ценат верноста во љубовната врска

Истражувањето ги анализирало одговорите од анкетата спроведена на 1.000 возрасни и тинејџери во САД и открило дека интелигентните луѓе повеќе ја ценат моногамијата и сексуалната ексклузивност за разлика од помалку интелигентните поединци.

Па, која е причината за ова? Од еволуциска гледна точка, современите мажи се во можност да се ослободат од инстинктите на „пештерскиот човек“ кои ги наведуваат да имаат што е можно повеќе сексуални партнерки. Оние со понизок коефициент на интелигенција не можат да му се спротивстават на овој инстинкт, па затоа им е важно да спијат со многу жени и неверството воопшто не им е непознато.

Меѓутоа, вреди да се спомене дека истражувањето открило јасна разлика помеѓу преференцијата и однесувањето. Имено, кај интелигентните мажи имало голема веројатност дека истовремено ќе ја вреднуваат сексуалната ексклузивност и ќе учествуваат во вонбрачни активности.

Важно е да се нагласи дека жените и мажите имаат тенденција да изневеруваат од различни причини. Според едно истражување од 2008 година, кај жените кои го донесуваат главниот приход во домот има помали шанси да изневерат, додека дури кај 70% од мажите кои се главниот извор на финансии во врската, како и кај мажите кои се финансиски зависни од жените, постојат поголеми шанси дека ќе ја изневерат својата партнерка.

Што мислите вие на оваа тема? Кои се главните причини поради кои изневеруваат мажите и жените?

Доколку немате идеја зошто некој би се одлучил на неверство, прочитајте ги следниве 10 психолошки причини поради кои мажите изневеруваат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар