Историјата на бикините

Историјата на бикините

Тринаесет години подоцна, откако на жените им било дозволено да се натпреваруваат на Олимписките игри, Карл Јанцен, во 1913 година го претставил првиот дводелен костим за капење, познат како бикини. Во текот на 30-тите и 40-тите години на 20-от век, во Европа, костимите за капење откривале само мал дел од женската половина, а за време на Втората светска војна, материјалот од кој се изработувале бикините станал дефицитарен.

Историјата на бикините

  • Во 1946 година, парискиот дизајнер Жак Хајм, кој работел претежно со крзно, го претставил „Атом“, најмалиот костим за капење во светот.
  • Една година подоцна, во 1947 година, Лиус Реард, париски инженер, претставил дводелен костим за капење, уште помал од оној на Хајм. Бикините на Реард биле изработени од 76 cm материјал и биле наречени „Атол“, според името на островот во Тихиот океан на кој била тестирана првата атомска бомба.

Историјата на бикините

  • Во текот на 50-тите години на минатиот век, повеќето католички земји и изборот за Мис на светот ги забраниле бикините. Властите се обиделе да ги забранат бикините на плажите на Медитеранот, но во тоа време Реард добил повеќе од 50.000 писма од неговите обожаватели и започнал нова кампања во која велел дека „бикините не се мали, ако не можат да се вовлечат низ венчален прстен“.
  • Во 1957 година, Брижит Бардо направила невидена сензација на Канскиот филмски фестивал, каде што се фотографирала облечена во бикини. Подоцна нејзиниот пример го следеле и Мерлин Монро и Естер Вилијамс.

Историјата на бикините

  • Во текот на 60-тите години, Брајан Хајленд го лансирал хитот „Itsy Bitsy Teenie Weenie Yellow Polka Dot Bikini“. Две години подоцна, Урсула Андерс излегува од морето носејќи бели бикини, во улогата на Хани Рајдер, во еден од серијалот филмови за Џемс Бонд, филмот „Доктор Не“. Истата година, бикините се најдоа и на насловната страна на Плејбој.
  • Во 1966 година, Ракел Велч носи бикини направени од крзно. По објавувањето на овој постер, Плејбој ја прогласил Велч за најпосакувана жена во текот на 70-тите години.

Историјата на бикините

  • Во 1988 година затворена е компанијата на Реард. Но популарноста на бикините сè уште растела. Во овој период се појавува тангата и бикините стануваат уште помали. Во Бразил бикините стануваат поотворени кај внатрешниот дел на бутовите.
  • Во 2003 година, сцената кога еден од Чарлиевите ангели, Деми Мур, излегува од морето носејќи бикини, се смета за клучна сцена која придонела за повторно заживување на кариерата на оваа актерка.

Историјата на бикините

  • Во 2010 година, моделот Ева Херцигова носи ретро кожни бикини на модната недела во Сао Паоло. Тоа биле првите бикини кои имале двојна намена затоа што можеле да се носат и како костим за капење и како облека.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар