Искрено писмо од мајка: 7 работи на кои ме научи мојот син во претходниве 7 години

Искрено писмо од мајка: 7 работи на кои ме научи мојот син во претходниве 7 години

Пред неколку месеци на социјалните мрежи се појави интересно писмо од страна на една мајка. Претходно, една мајка ѝ напиша моќно писмо на својата ќерка тинејџерка, но за разлика од неа, оваа мајка се реши да ги сподели работите кои ги научила од својот седумгодишен син. Таа станала посилна, поодговорна и започнала да го цени секој момент од нејзиниот живот. Прочитајте го писмото кое стана хит на социјалните мрежи!

2-pismo-na-edna-majka-7-raboti-za-koi-me-nauchi-mojot-sin-vo-prethodnite-7-godini-www.kafepauza.mk_

Кога мојот термин за породување беше одреден на 09.09.2009 година, знаев дека тој ден ќе биде среќен. Имав 20 години и немав поим што правам, како ќе помине тој ден или пак што да очекувам. Не можев ниту да замислам колку тој ден ќе ме промени сè додека не го здогледав твоето лице. Имаше 3 килограми и тежеше 50 сантиметри. Темна коса и темни очи, исто како и твојот татко. Беше најубавото момче кое некогаш сум го видела. Ме преплавија чувства кои не можам да ги опишам. Сакав да те заштитам и да направам сè што е во моја моќ за да израснеш во среќно и успешно човечко суштество. Но, не можев ниту да сонувам дека токму ти ќе ме научиш како да бидам добра мајка, но и многу, многу повеќе од тоа.

1. Ме научи да не трпам глупости, бидејќи знаев дека ме гледаш

Бев позната по тоа дека ми доаѓаа работи кои не сум ги заслужила. Не водев сметка до тој степен што патев поради тоа. Но кога беше ти во прашање, не можев да дозволам да ги чувствуваш последиците и знаев дека е време да заминам. Ти беше причината поради која научив дека заслужувам подобро и дека тоа и ќе го пронајдам за нас двајцата.

2. Ме научи дека сум вредна за спасување

Мислев дека сум млада, дива и слободна. Дека сè што правам, го правам бидејќи го сакам и можам. Но, всушност сфатив дека ја сокривав целата болка и се предадов на алкохолот и дрогата, бидејќи искрено чувствував дека не сум вредна за живеење. Кога првиот тест за бременост се покажа позитивен, одеднаш имав некого на кој му требав жива. Ти требав тебе. Ти требаше некого кој ќе се грижи за себе, а потоа и за тебе. Ми покажа дека сум вредна и важна во овој свет, бидејќи сум ти важна и тебе. Отсекогаш те викам мој спасител и се надевам дека еден ден ќе сфатиш дека тоа навистина го мислам.

3. Ме научи дека малите работи се најважни

Толку е лесно да се изгубиш во секојдневниот метеж. Нашите денови се толку испланирани и затрупани, што едноставно едвај чекаме да легнеме во кревет и дури и тогаш се нервираме мислејќи на утре. Твојата невиност ме научи како да ги гледам работите кои бев премногу зафатена за да ги забележам. Ти гледаш убавина во сè и ме потсетуваш да забавам и да ја погледнам пошироката слика во својот живот.

4. Ме научи дека мојата мајка знаела што прави, дури и кога мислев дека секогаш греши

Луѓето ми зборуваа дека ќе започнам да ја ценам мојата мајка тогаш кога и самата ќе станам мајка и тоа е вистина. Мислев дека мојата мајка е строга кога бев дете сè додека и самата не започнав да ги применувам нејзините воспитувачки методи. Денес многу луѓе ми приоѓаат и ми велат дека си добро воспитан и пристоен. Толку сум горда на тебе и благодарна сум што имав мајка која знаела како да ме воспита.

5. Ме научи дека материјалните работи не се важни

Јас бев една од оние кои мораа да носат брендирана облека за да се чувствуваат важно. Кога дојде ти, тоа секако повеќе не беше лесно изводливо, бидејќи малите бебиња трошат многу пари. Никогаш немав видено некој кој се радува толку многу на ситниците од 100 денари како тебе. Знаевме да се забавуваме со часови за малку пари. Сега ми е јасно дека цената на работите е неважна. Важно е со кого го поминуваш своето време и тоа е, самото по себе, непроценливо.

6. Ме научи дека сè е искуство кое морам самата да го стекнам

Потрошив многу време жалејќи за работите кои не одеа како што треба сè додека не сфатив дека ти го слушаш секој мој збор. Научив како секоја ситуација да ја претворам во лекција за ти кога ќе растеш да знаеш како да се носиш со одредени ситуации и како да го извлечеш најдоброто од нив. Сето она што претходно сум го правеле без размислување, сега го правам полека за да ти го покажам секој чекор. Се надевам дека сум успешна во тоа. Се надевам дека ќе те подготвам за животните предизвици. Се молам дека јас ќе бидам онаа на која ќе се обратиш за совет или утеха.

7. Ме научи што значи да сакаш

Знам дека тоа е клише, но навистина не знаев да сакам сè додека не те добив тебе. Не бев свесна за што сè е способно моето срце. После сè што поминав, беше тешко да поверувам дека постои толку чиста љубов. Ме повикуваш за сè што ти е потребно и се надевам дека така секогаш ќе остане. Ми носиш радост за која не знаев дека е можно да се почувствува. Се надевам дека и јас внесувам среќа во твојот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар