Искрено писмо од една сопруга: 12 заклучоци до кои дојдов после 12 години брак!

Искрено писмо од една сопруга: 12 заклучоци до кои дојдов после 12 години брак!

Сите се среќни кога влегуваат во брак, но што се случува после венчавката? Искреното писмо од Олга Цибакина, жената која поминала 12 години во брак, ни дава прекрасен одговор на ова прашање. Може многу да се научи од неа. Таа вели дека нејзиниот брак не се разликува многу од другите бракови, односно животот ѝ е исполнет со љубов, но и со патење. Таа минувала низ моменти кога се запрашувала дали да остане во брак, низ моменти на интензивни несогласувања, недоразбирања и повредувања. Но сепак, после 12 години таа и понатаму е во брак, а ова се лекциите кои ги научила…

1-iskreno-pismo-od-edna-sopruga-12-zakluchoci-do-koi-dojdov-posle-12-godini-brak-www.kafepauza.mk_

1. Страста ќе исчезне

Лудите емоции, патења, солзи, и опсесии за партнерот, кои се дел од заљубеноста, сигурно ќе поминат. Врската треба да биде таква за да се чувствуваме добро во неа. Стабилна и мирна. Од неа очекувате топлина и љубов. Ако не знаете што ве очекува наредниот ден, тоа не е добро.

2. Брачниот живот не е журка

Изјавата „Среќни до крајот на животот“ крие многу нешта, како болести, лоши чувства, замор и стрес, лутење и навреди во врската. Прашање е само како парот ќе се избори со препреките.

3. Парот треба да биде на иста општествена скала

Факт е дека браковите, во кои партнерите не се на иста општествена скала, завршуваат со развод. Љубовта може да ги приближи и спои луѓето, но кога почетниот ентузијазам ќе спласне, се појавуваат разлики што не можат да бидат надминати, како што е некомпатибилност на менталитетот, ставовите кон животот и парите… Не обидувајте се да ги имитирате бајките.

4. Партнерите треба да се развиваат заедно

Факт е дека луѓето со тек на времето се менуваат. Различни ситуации нè обликуваат и ние постојано учиме, напредуваме и се менуваме. Ако партнерите не го прават тоа барем со приближно темпо, бракот најверојатно нема да опстане.

2-iskreno-pismo-od-edna-sopruga-12-zakluchoci-do-koi-dojdov-posle-12-godini-brak-www.kafepauza.mk_

5. Морате да се прифатите еден со друг

Можеби ве нервираат некои навики на вашиот партнер, и можеби не се сложувате во некои погледи, но на подлабоко ниво, морате да го прифатите заедно со сите негови недостатоци. Морате да му дозволите на вашиот партнер да биде она што е. Секако, можете да го охрабрите да оди во подобра насока, но тоа би требало да биде опција, а не услов.

6. Жената не би требало да се става себеси на трето место, зад децата и сопругот

Прво наоѓам време за себе, а потоа за сопругот и детето. Жената која се жртвува за другите, набрзо ќе се почувствува незадоволна однатре. Бракот не значи постојано жртвување, ниту пак треба да биде препрека за да бидете независна и интересна личност.

7. Мора да сакате да бидете со вашиот партнер, но и тој исто така би требало да биде слободен

Во изминатите неколку години, живеев според овој принцип. Не се плашам дека мојот сопруг ќе ме напушти, бидејќи има право да ја пронајде својата вистинска среќа. За мене, тоа е нормално. Важно е да не постои катастрофална работа за вас која не можете да ја надминете. Време е да ги тргнете розовите очила и да разберете дека која било личност може да замине во кој било момент.

8. Секоја страна може да има свои интереси и желби

Секој треба да има свој личен простор и време за себе. Тоа би требало да биде аксиом за секоја врска. На пример, моето слободно време вклучува вежби, јога, читање, додека мојот сопруг сака да ги посетува пријателите.

3-iskreno-pismo-od-edna-sopruga-12-zakluchoci-do-koi-dojdov-posle-12-godini-brak-www.kafepauza.mk_

9. Дефинитивно би требало да имате миленици

Тие се извор на бескрајна радост и уживање.

10. Би требало да имате слични темпераменти

Ако едниот партнер пука од енергија и не може да се смири сѐ додека не ги извршите сите обврски, а другиот одвај мрднува со прст, шансите дека тој брак ќе опстане се многу мали.

11. Страсниот секс не е најважна работа

После 12 години брак, не е секогаш возможно да имате страстен секс и романса како првиот ден. Работите се смируваат после три години заедништво. За да имате силни чувства еден за друг, како и желба, би требало да се разбирате и да се сакате. Интимноста, исто така, е важна и треба да биде обострана. Запомнете – во „нормалните“ врски каде што постои љубов, дури и сексот може да биде помалку важен. Тоа не е најважната работа на светот, и тоа не е проблем.

12. Одлуките треба да бидат заеднички

Ова се однесува на големите, клучни одлуки, оние кои влијаат на животот на двајцата – како да го одгледувате вашето дете, каде да одите на одмор, кој автомобил да го купите… Најважната работа која може да осигури долговечен брак е желбата да постигнете компромис, да се сослуша и слушне партнерот, да се остави простор за да помине време како што ќе посака. Целокупниот семеен живот е комбинација на љубов, доверба, обострана поддршка, трпение и силна волја. Редоследот по важност на овие работи може да се менува на секои неколку години.

Погледнете одлични начини да го зачините вашиот брак оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Renata Reply

    So site bi se soglasila osven so 3-to

Напиши одговор на Renata Откажи одговор