Исчезнувањето на следниве 5 чувства го означува крајот на љубовната врска

Исчезнувањето на следниве 5 чувства го означува крајот на љубовната врска

Кога ќе почувствувате дека страста од вашата врска исчезнала, нормално е да се запрашате што се случило со љубовта. Дали постоеле некакви знаци дека на врската ѝ се ближи крајот? Тешко е да се одреди кога точно љубовта исчезнала. Можеби и не исчезнала целосно, но ако се сомневате во нејзиното постоење, постои голема веројатност дека таа полека почнала да ве напушта. Доколку забележите дека следниве 5 чувства исчезнале од вашата врска, тоа значи дека можеби е време да продолжите понатаму…

Исчезнувањето на следниве 5 чувства го означува крајот на љубовната врска

1. Не се чувствувате забележани

Врските се како огледала: Или созреваат заедно со вас, или се распрснуваат на парчиња поради неверство и измама или самите паѓаат и се кршат, додека не се појави ново огледало на нивно место. Кога љубовта исчезнала, огледалото е скршено. Ќе имате впечаток дека постојано сте на различни бранови должини со вашиот партнер. Можеби претходно сте знаеле како размислувате и како се чувствувате, но сега како да постои ѕид помеѓу вас.

Можеби мислите дека партнерот се променил и не е таков каков што бил на почетокот од врската. Или можеби вие сте се промениле и сте го надраснале огледалото што некогаш го покажувало вашиот одраз. Ако не можете да го видите вашиот одраз кога зборувате со партнерот, тоа можеби е знак дека некогашната љубов полека згаснува.

2. Не сте возбудени кога ќе се видите

Дали ви се случило да заминете подолго време во друга земја додека сте биле во сериозна врска? Како сте се чувствувале поради тоа? Дали ви недостасувал партнерот и не сте можеле да дочекате да се чуете или пак сте ги одбегнувале неговите повици? Како сте се чувствувале кога сте се вратиле? Дали сте биле возбудени што повторно ќе се видите или пак тоа сте го доживеале како здодевна обврска? Нормално е да не ја чувствувате истата возбуда како на почетокот од врската, но пеперутките сѐ уште треба да летаат во стомакот, дури и да сте подолго време заедно. Доколку вашата врска е здрава, возбудата секогаш ќе биде присутна. Потивка и посуптилна од претходно, но сепак присутна.

Исчезнувањето на следниве 5 чувства го означува крајот на љубовната врска

3. Маните на партнерот што порано ви биле слатки, сега ужасно ве нервираат

Сите луѓе имаат свои мани и доколку сте биле во врска повеќе од 3 месеци, сигурно веќе сте дознале кои се вашите. Иако овие недостатоци не се многу привлечни, со текот на времето би требало да се навикнете на нив. Дури и да ве нервираат понекогаш, знаете дека вашиот партнер вреди и подготвени сте да му прогледате низ прсти. Во зависност од тоа колку време сте заедно, или ќе престанете да ги забележувате недостатоците кај саканиот или саканата или ќе почнат ужасно да ви пречат.

Работите што порано сте ги поднесувале, како на пример нејзините оставени влакна во лавабото или неговото играње видеоигри со часови, почнуваат да делуваат многу значајни кога на врската ѝ се ближи крајот. Но, вашата нервоза не произлегува од лошите навики на партнерот, туку од вашите чувства кон врската. Има нешто што се крие под површината на вашиот презир и треба да дојдете до неговата срж доколку сакате да се изборите за врската.

4. Сте престанале да си ја замислувате вашата заедничка иднина

На почетокот од врската, си замислувате блескава иднина која со нетрпение ја очекувате. Како што минува времето, овој невозможен сон станува пореален. Иако знаете дека партнерот не може да ги исполни сите ваши очекувања, среќни сте што можете да изградите ваша заедничка иднина. Но, кога врската е на стаклени нозе, не можете да замислите како ќе изгледа ни наредната недела или месец. Најверојатно се прашувате дали ќе бидете заедно ова време наредната година или оваа секунда следниот четврток.

Можеби ви е здодевно и се чувствувате како во кафез кога сте со вашиот партнер. Можеби се чувствувате ограничени, како вашето сегашно момче или девојка да ве спречуваат да запознаете некого со кого повеќе ќе си одговарате. Доколку навистина се чувствувате вака, време е да ги истражите вашите можности и да раскинете или да направите пауза. Само погрижете се да му кажете на партнерот како се чувствувате и што размислувате.

(3) Исчезнувањето на следниве 5 чувства го означува крајот на љубовната врска

5. Не ве привлекува повеќе

Првата фаза од врската секогаш е исполнета со многу страст. Не можете да ги тргнете рацете еден од друг и постојано имате секс. Но, со текот на времето почетната страст полека избледува. Секако дека сексот не е сѐ во врската, но кога не би бил воопшто застапен, тогаш вашиот партнер би ви бил пријател или цимер. Можеби сѐ уште постои емоционалната блискост помеѓу вас двајца, но доколку не сте физички интимни и не се доживувате како пријатели, тогаш тоа е знак дека вашата врска веќе завршила.

Откривањето на проблемот нема да го смени она што веќе се случило. Веќе сте се оддалечиле од партнерот и освен ако и двајцата не сте подеднакво подготвени да се борите за врската, најдобро би било да свртите нов лист.

Прочитајте ги и овие 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар