Интересни факти за Коко Шанел

Интересни факти за Коко Шанел

Кога ќе помислите на модна икона, со сигурност ќе ви текне на едно име – Коко Шанел. После речиси 100 години откако е креиран, нејзиниот парфем и денес е еден од најпопуларните. Иако многумина знаат многу за нејзиниот живот и патот до славата, еве неколку интересни факти поврзани со Коко Шанел кои можеби не сте ги знаеле.Интересни факти за Коко Шанел

Нејзиното вистинско име е Габриел

Родена е како Gabrielle Bonheur Chanel, но го добила прекарот Коко според една од нејзините песни. И покрај тоа што прекарот го добила додека се занимавала со музичка кариера, таа останува препознатлива по тој прекар и во текот на нејзината модна кариера.

Таа направила исончаниот тен да биде популарен

Во тоа време белиот тен се сметал за женствен и елегантен, секако, тоа го променила токму Коко. Таа била доста популарна во Париз, па по враќањето од едно нејзино патување во Кан, жените посакале да го имаат нејзиниот исончан тен. Така тенот станал популарен.

Нејзиниот дом секогаш мирисал на Шанел 5

Станува збор за еден од најпопуларните парфеми на сите времиња, а очигледно уште тогаш Коко била многу горда на својот успех. Таа уживала да го прска нејзиниот дом со Шанел 5, што само докажува колку сакала да биде опкружена со елеганција и префинетост.Интересни факти за Коко Шанел

Ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки

Започнала со мало производство, продавајќи им шапки на пријателите. Но, нејзиниот бизнис за брзо се проширил, вклучувајќи линија со облека. Оној кој најмногу ја поддржал во отворањето на првиот бутик за шапки, бил нејзиниот љубовник Артур Капел. Па од негде мора да се започне, нели?

Нејзиниот омилен број бил 5

Очекувано, зарем не? Не само што го крстила парфемот Шанел број 5, туку истиот за првпат бил пуштен во продажба на 05.05.1922 година. Друг интересен факт поврзан со парфемот е дизајнот на шишето. Таа се противела на гломазните и екстравагантни опаковки на парфеми, па се одлучила за едноставно шише, тврдејќи дека луѓето треба да се сконцентрираат на она што е во шишенцето. Мислам дека сите со сигурност би можеле да кажеме дека воопшто не погрешила.

Таа направила вистинска револуција во женската мода

Жените во тоа време носеле многу неудобна облека, како што биле корсетите, а како аксесоари носеле нападен накит. Коко го променила тоа креирајќи поудобна и функционална облека. Го креирала познатиот женски костим кој бил едноставен и лесно ги изразувал позитивните страни на женската фигура, без да ги приморува жените да носат неудобни корсети за да го сокријат стомакот. Исто така, таа му донела слава на обичниот и едноставен накит, а да не заборавиме дека токму нејзина е заслугата за славата на малиот црн фустан. Кога зборуваме за модна револуција и уникатни идеи за пресврт во модата, мислиме на Коко Шанел!Интересни факти за Коко Шанел


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар