Инспиративните зборови на Лујза Хеј: 25 посебни афирмации за празниците

Сите ги обожуваме празниците! Тогаш славиме и ја разменуваме нашата љубов со пријателите и семејството. Тогаш им помагаме на луѓето, а љубезноста, љубовта и благодарноста се најголемите дарови. Следниве 25 афирмации ќе ви помогнат да создадете прекрасен живот за себе и за најблиските…

Инспиративните зборови на Лујза Хеј: 25 посебни афирмации за празниците

1. „Го почнувам денот со љубов и го прифаќам секој дел од себе, однадвор и однатре. Се прифаќам себе баш таков/таква каков/каква што сум.“

2. „Денес гледам убавина во сѐ и во сите.“

3. „Денес, кога ќе ми притреба нешто, знам дека ќе го добијам тоа.“

4. „Јас сум благодарен/а за сите добри работи што ме очекуваат.“

5. „Денес ќе одвојам момент за да се сетам на сите мои благодати.“

6. „Кога мислам на другите, јас потврдувам дека се среќни и здрави и дека сѐ е како што треба во светот.“

7. „Големите гужви за време на празниците ми даваат повеќе време за афирмациите.“

8. „Изобилството ми пристигнува од очекувани и неочекувани извори и благодарен/а сум за сето тоа.“

9. „Имам неограничена енергија за време на празниците и добро ја користам.“

10. „Ова е стабилен, спокоен и мирен период. Имам време за сѐ околу себе.“

11. „Сега им дозволувам на новите прекрасни работи да дојдат во мојот живот. Јас сум отворен/а и чувствителна/а за сѐ што е добро.“

12. „Промените и изненадувањата се случуваат денес каде и да одам. Со восхит го гледам сето она што го гледам.“

13. „Сета храна што ја јадам за време на празниците придонесува за моето здравје.“

14. „Ја давам мојата љубов и ја дела празничната радост со сите луѓе што ќе ги сретнам. Животот е убав.“

15. „Го отворам мојот дом и ги поздравувам гостите со музика и празнична љубов. Ги сметам за свое сакано семејство.“

16. „Мојот дом е среќно место за време на празниците. Ги благословувам сите што ќе поминат низ вратата, вклучувајќи се и себе.“

17. „Моите пријатели се полни со љубов и поддршка.“

18. „Сите од моето семејство имаат божествена заштита.“

19. „Лесно е да се сакаат другите луѓе кога се сакам и прифаќам себеси.“

20. „Хуморот и радоста придонесуваат за мојата целокупна благосостојба.“

21. „Комплиментите се дарови на благосостојбата. Научив љубезно да ги прифаќам.“

22. „Животот е многу едноставен за време на празниците, но и секој ден. Она што го давам, ми се враќа назад.“

23. „Денес си дозволувам да го сторам она што ми причинува најголемо задоволство.“

24. „За време на празниците, јас сум мирен/а и урамнотежен/а.“

25. „Кога сум смирен/а и фокусиран/а на убавите работи во мојот живот, отворена сум за моите исцелувачки моќи.“

Прочитајте ги и овие моќни афирмации кои ги користат најуспешните луѓе во светот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар