Инспирација од 70-тите години: Оваа пролет уживајте во бохо стилот

Инспирација од 70-тите години: Оваа пролет уживајте во бохо стилот

Бидејќи веќе знаете дека трендовите од 70-тите повторно се враќаат на големата врата, тогаш сигурно знаете и дека хипи бохо стилот и оваа сезона ќе владее со модната сцена. А зошто и да не кога е одличен за комбинирање и удобен за носење во пролетните денови. Покрај фактот дека овој стил од страна на некои експерти е оценете како еден стил со лош вкус, сепак модните дизајнери честопати ја испитуваат оваа модна изрека. Дизајнерите едноставно секогаш се враќаат на бохо стилот, но на тој начин што секогаш прават некое модно движење или новите колекции ги „зачинуваат“ со модерни детали.

1-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Со оглед на тоа дека хипи стилот е карактеризиран како безгрижен и независен и дека е вистински претставник на периодот кога луѓето живееле со опуштен и слободен дух, тогаш пролетта и топлите денови се вистинско време да уживате во слободните и опуштените комбинации. А уште еден важен фактор е тоа дека во пролетта цути цвеќето, а вие знаете дека венецот од цвеќе е и тоа како пожелен кога е во прашање овој стил.

2-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Се прашувате од каде да започнете за да го унапредите вашиот бохо стил? Еве неколку интересни примери кои ќе ви помогнат во тоа.

1. Детали

Започнете од тоа што за почеток ќе додадете неколку бохо детали во својот секојдневен стил. Сигурно имате бела кошула и фармерки во гардероберот и тоа ќе ви биде доволно за почеток, а пожелно е таа комбинација да ја збогатите со бохо детали. Изберете бразлетни од превртена кожа, ленти со цвеќе, каубојски каиш или чизми, долги ѓердани, цветни ленти за коса, реси на кое било секојдневно парче облека или чанта, широки појаси… Изборот е голем, што со сигурност ќе пронајдете нешто по ваш вкус. Би било добро да обрнете внимание на тоа поголемиот дел од накитот и модните додатоци да бидат во кафеава боја. Тоа ќе даде дополнителна бохо димензија на сè што ќе облечете. Исто така одличен бохо детаљ е шешир со што поширока периферија.

3-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

1-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

2. Плетена облека

Оваа облека со сигурност ќе допринесе за вашиот хипи стил, но и ќе го освежи вашиот изглед. Плетените парчиња облека или оние од чипка, апсолутно се вклопуваат во сето она што овој стил го подразбира. Провидната блуза која со своите плетени детали ја открива кожата можете да ја носите директно врз долната облека, но можете и да облечете тенка блуза под неа, доколку не сте баш најсреќни кога сè ви е провидно. Фустаните од чипка секогаш имаат зашиено постава под нив, па овде нема за што да се грижите. Ако избирате фистан, тогаш е важно да пронајдете некој малку поширок, поточно лесно да паѓа и да не ја следи линијата на телото. Тој крој на фустан е оној што одговара на бохо стилот, а истото важи и за блузите, бидејќи е важно да изгледате комотно опуштено во сè што носите.

4-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

6-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

7-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

3. Парчиња од превртена кожа

Превртената кожа или антилоп е еден од водечките материјали кога е во прашање овој стил. Здолништа, блузи, јакни, чизми, чанти во сите нијанси на кафеава, крем, бордо или темнозелена боја се совршени парчиња кои ќе го надополнат вашиот бохо стил. Овој нежен материјал мами погледи и желба за допир, па така можете да го комбинирате со кој било неутрален материјал, но кога ќе го вклопите со чипка, тогаш изгледа навистина посебно.

8-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_ 9-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

4. Реси и ресички

За бохо стилот ресите се секогаш добредојдени. Без разлика дали се долги, кратки, дебели или тенки, тие секогаш изгледаат фантастично и даваат посебен шарм на сите комбинации. Можете да ги носите на здолништето, така што целото здолниште да биде сочинето од реси и на тој начин да постигнете автентичен, но модерен бохо изглед. Реси на јакната и чизмите, едноставно можете да ги најдете насекаде, но исто така можете да ги зашиете самите доколку имате неколку дизајнерски идеи. Секое парче облека можете да го освежите со помош на деталите како што се ресите.

10-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

5-uzhivajte-vo-boho-stilot-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

5. Ѕвонарки и наметки

Покрај ресите, ѕвонарките и наметките се уште еден од важните фактори за да изгледате тотално бохо. Не ги заборавајте шеширите, каишите, занимливите ѓердани и бразлетни, и што повеќе цвеќиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар