Информации од прва рака: 15 животни совети што ги препорачуваат луѓето постари од 60 години

Информации од прва рака: 15 животни совети што ги препорачуваат луѓето постари од 60 години

Неодамна било спроведено истражување помеѓу луѓе постари од 60 години на тема; „Каков совет би им дали на современите млади луѓе?“ Изгледа како едноставно прашање, но некои одговори биле прилично неочекувани. Ви предлагаме да ги прочитате овие совети кои ги навеле скоро сите учесници во оваа анкета, бидејќи е подобро да знаете и да делувате веднаш, наместо подоцна да жалите за пропуштеното.

1-informacii-od-prva-raka-ovie-15-zhivotni-soveti-gi-preporachuvaat-lugjeto-postari-od-60-godini-www.kafepauza.mk_

1. Вие можете да имате или долг или краток живот – тоа никој не го знае. Во секој случај, потребно е да се погрижите за вашето здравје во младоста.

2. Пријател е оној кој ќе ви притрча во помош, дури и ако го повикате во два часот после полноќ. Останатите се само познаници.

3. Нема да забележите кога вашите деца ќе пораснат. Затоа поминувајте што е можно повеќе време со нив.

4. Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го подели животот со вас. Гледајте на тоа, баш на овој начин.

5. Сѐ уште не умрел некој со жалење дека работел малку во својот живот. Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред семејството, пријателите, и секако, пред самите вас.

6. Ако сте уморни од животот, едноставно застанете и размислете за сегашниот момент, обидете се да уживате во она што е убаво и навистина важно за вас. Длабоко вдишете, опуштете се. И сфатете дека сѐ е релативно.

7. Имаме само еден живот. Немојте да се разбудите еден ден со сознанието дека веќе имате 60 години и не сте остариле во она за кое сте сонувале целиот живот.

8. Веројатно ова и не е баш некој длабок совет како и другите, но мијте ги забите редовно, водете сметка за нив, бидејќи забните проблеми во староста се грозни.

9. Не ги следите сите совети како библиски заповеди. Можете да побарате совет од некој кој го цените, потоа уште еднаш да ја пресметате сопствената ситуација за на крај да донесете сопствена одлука.

10. Предмети – тоа се само предмети. Не држете се за материјалните објекти, држете се за времето и настаните.

11. Повредите кои сте ги здобиле денес, ќе зборуваат за вас во староста. Дури и ако мислите дека потполно сте ги излекувале. Верувајте!

12. Ценете го секој момент и секој детаљ. Во младоста секогаш сакате сѐ веднаш. Но, зошто не се обидете да ги цените ситниците? Не сме вечни и најголемото задоволство што можеме да си го дозволиме е да уживаме во секој момент. Наместо куцање пораки, јавете се на телефон и зборувајте. Посетете ја вашата мајка, онака без причина. Впивајте го секој момент.

13. Плаќајте ги сите свои сметки и тргнете се од долговите.

14. Љубомората ги уништува односите. Имајте доверба во својата друга половина. Ако не верувате во неа, во кој друг ќе имате доверба?

15. Ако имате неостварен сон, вие морате барем да се обидете да се приближите до неговото остварување. Бидејќи, со годините тој ќе ви изгледа уште поневозможен.

За тоа дека нашие баби и дедовци се полни со мудрости, докажува и оваа видео во кое баби и дедовци даваат мудри совети за модерните љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар