Имате проблеми со помнењето? Погледнете што може да ги предизвикува!

Сигурно многу пати ви се случило да тргнете некаде и на пола пат да заборавите каде сте тргнале. Дали секогаш можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите од станот или автомобилот? Дали повремено не се сеќавате на важни датуми, како мозокот да ви се блокирал?

Кога помнењето почнува да ве издава, прва помош се разнобојните ливчиња кои ги лепите насекаде околу вас – така што секогаш ги имате обврските на дофат. Но, ако состојбата не се поправа, проблемите можеби потекнуваат од недостаток на сон, секојдневна изложеност на стрес, па дури и некои болести. Човечкиот мозок може да се моделира т.е. под влијание на одредени стимули од околината тој може да се менува за да стане подобар. Еве што е она што негативно влијае врз нашата меморија.

1. Недостаток на сон

Експертите постојано предупредуваат дека недостатокот на сон може значајно да влијае на извршувањето на секојдневните задачи. Намалената концентрација, забавените реакции и уморот не само што лошо влијаат на активноста на работа или на училиште, туку и на паметот. Последново не може да се наруши после непреспана ноќ, туку кога личноста има долготраен проблем со спиењето.

2. Тироидна жлезда

Оваа жлезда нема некое одредено влијание на мозокот, но влијае на сите метаболитички процеси во телото и затоа нејзината функција добро треба да се провери, особено ако се јават проблеми со губење на памтењето.

3. Пушење

Пушењето го оштетува мозокот затоа што негативно влијае на снабдувањето со крв на овој орган. Може да предизвика заборавање, повреда на мозочните функции и значајно да го намали фонтот на зборови кој се користи. Истражување во кое учествувале 7.000 мажи и жени, покажало дека постарите пушачи имале намалена функција на мозокот за разлика од нивните врсници непушачи.

1-imate-problemi-so-pomnenjeto-poglednete-shto-mozhe-da-gi-predizvikuva-kafepauza.mk

4. Топлотни бранови

Големо влијание на памтењето имаат и топлотните бранови со кои се соочуваат голем број жени за време на менопаузата. Колку повеќе вакви бранови – толку поизразени проблеми со помнењето, а особено се јавуваат тешкотии околу сеќавања поврзани со нечие име или настан. Сепак овие бранови топлина не оставаат трајна последица на функцијата на мозокот. Женското тело за време на менопаузата поминува низ период на хормонски промени и штом тоа заврши, памтењето се враќа во нормала.

5. Депресија и анксиозност

Според експертите, анксиозноста и депресијата ја нарушуваат нервната структура која влијае на сеќавањето. Меѓутоа, ако зад губењето на меморијата се наоѓа нарушување на расположението, постои шанса сеќавањето целосно да се врати. Како што се поправа расположението на личноста – така се подобрува и нејзината меморија.

6. Исхрана

Истражувањето кое е спроведено врз возрасни глувци покажало дека глодарите кои добивале мрсна храна, после осум недели набљудување имале полоши резултати од оние кои добивале поинаква храна. Друга анализа покажала дека исхраната богата со масти влијае на хипокампусот – дел од мозокот кој е одговорен за краткотрајното помнење.

2-imate-problemi-so-pomnenjeto-poglednete-shto-mozhe-da-gi-predizvikuva-kafepauza.mk

7. Стрес

Хормонот на стресот влијае на делови од мозокот кои го контролираат памтењето. Хроничниот или повторувачкиот стрес значително му штетат на мозокот.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар