Имате проблеми со носот и синусите? Погледнете ги овие 8 начини како повторно да дишете слободно!

Затнатите синуси и нос се многу непријатни, а многу грешат кога веруваат дека тоа е последица исклучиво од насобраната слуз. Вистинските причини понекогаш се настинка, грип, алергии или инфекции. Со овие 8 трикови ќе дишете повторно без престан, неудобност и нервирање.

1-zatnat-nos-i-sinusi-8-nachini-povtorno-da-dishete-slobodno-www.kafepauza.mk_

1. Користете навлажнувач на воздух

Дишењето во влажно окружување помага при ублажување на надразнетото ткиво и натечените вени во носот и синусите и го олеснува дувањето на насобраната слуз, бидејќи ја омекнува. Навлажнувачот на воздухот ја претвора водата во влага која се шири во просторијата и со дишењето минува низ носот и синусите.

2. Правете инхалација со чај од камилица

Во врела вода ставете камилица, па ставете ја главата над садот, прекријте ја со крпа и вдишувајте низ носот, а издишувајте низ уста. Ќе ви помогне и ако на радијаторот во спалната соба ставите сад со врела вода во кој има камилица. Топлината на радијаторот ќе го поттикне испарувањето и вие ќе вдишувате лековита пареа додека спиете. Камилицата делува против воспаленијата и е одлична идеја кога имате воспалени синуси.

3. Истуширајте се со жешка вода

Слично како првата точка, туширањето со жешка вода може навистина да ви помогне. Односно, кај туширањето се создава пареа која со дишењето влегува низ носот, ја омекнува насобраната слуз која потоа полесно излегува и дава олеснување. Исто така, пареата ќе го намали воспалението во синусите. Наместо туширање, ќе помогне и миење садови над мијалникот со врела вода. Важно е да вдишувате пареа.

2-zatnat-nos-i-sinusi-8-nachini-povtorno-da-dishete-slobodno-www.kafepauza.mk_

4. Пијте доволно течности

Најидеална е водата, но добри се и чајот, супата, разните природни сокови и слично. Важно е телото да добива доволно течности, бидејќи тоа помага при намалувањето на насобраната слуз. Од друга страна пак, на тој начин се намалува и притисокот во синусите, а тоа води и кон намалување на воспалението.

5. Користете физиолошки раствор

Овој раствор може да се купи во аптеките, во облик на спреј, а помага при зголемување на влажноста во носот и синусите. Тоа, исто така, помага за истекување на насобраната слуз и го намалува притисокот како и воспалението на синусите. Сепак, експертите советуваат пред користење да се посоветувате со доктор, особено доколку земате некои лекови.

6. Мијте ги синусите редовно

Тоа се прави со посебен пластичен сад дизајниран на тој начин што успешно ја влева водата во ноздрата која така минува низ синусите и излегува од другата ноздра. Се продаваат во аптеките, а се препорачува користење на дестилирана или стерилна вода. Постапката прво се прави низ едната ноздра, а потоа низ другата. Тоа помага да ги исчистите синусите од густите наслаги.

3-zatnat-nos-i-sinusi-8-nachini-povtorno-da-dishete-slobodno-www.kafepauza.mk_

7. Обидете се со рефлексологија

Одредени точки на дланките, стапалата и ушите се задолжени за олеснување во одреден дел од телото, а нивната стимулација ја враќа рамнотежата. Кај воспалението на синусите може да помогне и масирањето на врвот на палецот на рацете со врвовите на останатите прсти.

8. Ставете топла облога

Пешкирот намокрете го во топла вода, исцедете го и ставете го на лицето. Топлината ќе помогне да се отворат канали во носот и синусите кои предизвикуваат притисок и болка. Повторувајте колку што е потребно. Исто така, ако приготвувате чај од камилица, топлите кесички ставете ги на лицето, во пределот на синусите и држете ги додека не се оладат.

Многу луѓе имаат проблеми со синусите, а ова се природни препарати за нивно лекување.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар