Имате апсолутно право да ги поставите овие 15 барања во вашата љубовна врска

Не заборавајте дека сте посебни со самото ваше раѓање. И токму како таква единка на овој свет го заслужувате најдоброто. Не се согласувајте на просечно, бидејќи драги наши, вие не сте зли, ниту грозни жени ако…

1-Imate apsolutno pravo da gi postavite ovie 15 baranja vo vashata ljubovna vrska-www.kafe[auza.mk_

1. Сакате некого кој ќе ве разгали

Не очекувате да ви пали свеќи секоја вечер и да го посипе креветот со ливчиња од ружи, но секако очекувате да не престане да се труди околу вас, дури и ако тоа подразбира да ве слуша како зборувате за вашиот ден.

2. Сакате некого кој ќе мисли дека сте прекрасни

Не сакате да ве обожава како да сте кралица. Но, доколку е во врска со вас, би требало да биде импресиониран со вас. Треба да смета дека е вистински среќник што ве има.

3. Сакате некого кој прв ќе ви испраќа пораки

Не можете секогаш да бидете во неговите мисли, но ако не помисли на вас цел ден, тогаш нешто сигурно не е во ред. Не би требало први да му се јавите во текот на денот.

4. Сакате некого кој ви е физички привлечен

Тој не мора да изгледа како модел од насловна страна од списание, но треба да ви биде привлечен. Ако нема сексуална привлечност, нема ни надеж за врската.

5. Сакате некого кој има перспективна иднина

Не мора да биде вработен во некоја позната фирма и да има голема плата. Но, ако нема пристојна работа, ниту желба да ја пронајде истата, малку е веројатно дека ќе направи нешто од својот живот.

2-Imate apsolutno pravo da gi postavite ovie 15 baranja vo vashata ljubovna vrska-www.kafe[auza.mk_

6. Сакате некого кој не погледнува други жени

Тоа што барате да сте единствена жена која тој ја посакува не ве прави алчни. Ако сакате моногамна врска, пронајдете маж кој го споделува вашето мислење на оваа тема.

7. Сакате некого поради кого ќе се чувствувате секси

Тој би требало да ве гледа како најсекси жена на светот. Поради него би требало да се чувствувате прекрасно и да заборавите на сите свои несигурности.

8. Сакате некого кој ќе троши пари на вас

Тоа не значи дека мора да ја потроши целата плата на накит и цвеќе, но одвреме-навреме секако би требало нешто да ви купи. Тоа е најмалку што може да направи.

9. Сакате некого кој е спремен да се обврзи

Ако сте завршиле со играњето игри, тогаш зголемете ги вашите стандарди. Престанете да бидете со мажи кои не сакаат да го дефинираат вашиот однос.

10. Сакате некого на кого ќе му бидете приоритет

Вие не сте единствената жена во неговиот живот, но би требало да бидете најважната. Ако сте втора на листата најважни, можете веднаш да ги спакувате вашите работи и да заминете.

3-Imate apsolutno pravo da gi postavite ovie 15 baranja vo vashata ljubovna vrska-www.kafe[auza.mk_

11. Сакате некого кој е интелигентен

Доколку не можете да водите интелектуални дискусии со него, тогаш сте многу подобри од него. Со мажот би требало да бидете способни да разговарате за сè – од Мајли Сајрус до економските ситуации во светот.

12. Сакате некого кој се грижи за неговото тело

Не би требало да ги одбивате мажите кои имаат малку стомак, но доколку живеете активно, нормално е да сакате некого кој планинари или вози велосипед, подеднакво како вас.

13. Сакате некого кој се грижи за себе

Не би требало да бидете онаа која ги пере алиштата. Ако не е способен да ги здипли крпите, да измие чинија, тогаш не ви е потребен.

14. Сакате некого кој ќе му се допадне и на вашите пријатели

Навистина не е важно што некој мисли за вашето момче сè додека тој ви се допаѓа вам. Но, доколку имате богат социјален живот, би било поедноставно кога вашето момче би му се допаднало и на вашите пријатели. Значи, ако неговиот однос со вашата најдобра другарка е лош, тогаш понекогаш тоа е солидна причина за раскинување.

15. Сакате некого кој ќе ве почитува

Ако ве пцуе или ве удира, оставете го! Потребен ви е некој кој ќе го почитува вашето тело и мислење. Некој кој ќе ве почитува вас како жена во целост.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар