Имате 4 слободни минути на ден? Тогаш искористете ги да согорите 600 калории

Имате 4 слободни минути на ден? Тогаш искористете ги да согорите 600 калории

Овој тренинг вклучува многу едноставни вежби: скокање од место, клекнувања, склекови и исчекор. Програмата за вежбање ја има создадено тренерот Џим Сарет, со надеж дека ќе ги мотивира луѓето да ослабат и да останат во супер форма, без да одат во теретана.

1-imate-4-slobodni-minuti-na-den-togash-iskoristete-gi-da-sogorite-600-kalorii-www.kafepauza.mk_

„Со овие вежби ќе согорите 600 калории за 4 минути, гарантирано. Иако овој тренинг е идеално да се заврши за 4 минути, сепак тоа зависи од вашето лично фитнес ниво“ – вели Сарет.

Тој исто така вели дека на оние луѓе кои почнуваат за првпат, може да им бидат потребни 2 минути за само една вежба, додека напредните може да го завршат целиот тренинг за само 2 минути.

„Ако сте во добра кондиција, може да го завршите тренингот за 2 минути, па да го повторите додека не истечат и преостанатите 2. На оние пак, кои го прават ова за првпат, ќе им бидат потребни 2 минути само за една вежба. Но, најбитно е да останете мотивирани и на крајот ќе го забележите вашиот напредок.“

1. Загревање

Започнете со 10 повторувања на скок од место. Од стоечка позиција скокнете во расчекорен став (стапалата малку пошироки од ширината на рамената) истовремено испружувајќи ги рацете нагоре. Вратете се во почетната положба по обратен редослед.

2-imate-4-slobodni-minuti-na-den-togash-iskoristete-gi-da-sogorite-600-kalorii-www.kafepauza.mk_

2. Клекнувања (чучњеви)

Продолжете со 10 повторувања на клекнувања. Застанете во исправен став со рацете ставени на колковите. Стапалата треба да се во ширина на рамената. Рацете може да бидат и вкрстени со дланките на градите. Свиткајте ги зглобовите во колената и благо со колковите спуштете се надолу сè додека бутовите не бидат паралелни со земјата. Потоа вратете се пополека назад.

„Клекнувањата се една од најдобрите вежби за согорување на мастите“ – вели тренерот.

3-imate-4-slobodni-minuti-na-den-togash-iskoristete-gi-da-sogorite-600-kalorii-www.kafepauza.mk_

3. Склекови

Продолжете со 10 склека. Доколку не сте во можност да направете правилни склекови, тогаш искористете го ѕидот како потпора.

4-imate-4-slobodni-minuti-na-den-togash-iskoristete-gi-da-sogorite-600-kalorii-www.kafepauza.mk_

4. Исчекор

Тренингот се завршува со вежбата исчекор. Десет повторувања со секоја нога. Направете чекор нанапред со едната нога и клекнете со другата нога. Исчекорот е најдобра вежба за јакнење на нозете, која спаѓа во истата група како и клекнувањата, но дополнително влијае на јакнење на стомачните мускули и за подобар баланс на телото.

5-imate-4-slobodni-minuti-na-den-togash-iskoristete-gi-da-sogorite-600-kalorii-www.kafepauza.mk_

Може да го повторите овој тренинг со 1 минута одмор помеѓу сериите и да завршите со полни 20 минути тренинг, за да постигнете подобар резултат. За оние кои не сакаат да вежбаат склекови и исчекор, Сарет има совет: „Тоа што најмалку сакате да го вежбате, тоа ќе ви донесе најголем успех.“

Дали имате 4 слободни минути во денот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Filip Reply

    Ве молам употребувајте го зборот „чучнувања“ кога станува збор за истата вежба. Чучнува – чучнувања. Клекнува на колена – клекнувања.
    Во овој случај не станува збор за некој да клечи на колена. Затоа се вика и чучавац- за веце без шоља во кое се чучнува за да се оди по нужда. Дали сте чуле да се вика „клекавац“ ?
    Има прецизна спортска методолигија. Се учи на факултет. Во ЈУ-земјите сте чуле да некој збори за некакви „ клек или клекаваца“ . Не туку само „чучањ“. Само кај Бугарите се користи тој збор и некои неписмени мислат дека се „образовани“ и шетани ако користат бугарски термин, што во ова доба на интернет е срамота да грешиш толку.

  2. Andrew Reply

    Да согорите 600 калории за 4 минути е НЕВОЗМОЖНО!!! И 20 минути да ги повторувате овие вежби во интервали – повторно нема да согорат 600 калории. Јас сум спортист цел живот и ова што го читам можам со сигурност да ви кажам дека е небулоза…За да согорите 600 калории ви е потребен ревносен тренинг од 40 минути, за 1000 калории е потребен комбиниран тренинг од 90 минути.
    -jumping jacks (загревање);
    -crunches (глутеус),
    -push ups (гради и бицепс);
    -lounges(глутеус и квадрицепс).

    Ова не е ни одбиску доволно за еден добар тренинг. А по сликата и биото на авторот не ми личи како де е добро упатена во темава за која пишува (преведува). Жал ми е но содржинава е доста неинформативна и погрешно го наведува читателот. Објавете нешто издржано што вреди да се прочита.

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за фидбекот. Сигурно ќе им биде корисен на читателите. Инаку содржината нема врска со компетентноста на авторот, ниту пак е можно и коректно да се проценува нечија упатеност во одредена тема по 4 реда био, а уште помалку според сликата. Наведено е кој е креатор на програмата, и ако има каква било спорност околу ефикасноста на тренингот и можноста да се согорат толку калории, критиката би можела да се насочи кон него, наместо да се изведуваат претпоставки за авторот на текстот. Ние овде само пренесуваме. Исто така, објавуваме многу издржани содржини, можеби само не сте имале среќа да наидете на нив.

Напиши одговор на Filip Откажи одговор