Игнорирајте ги пораките на овие типови мажи бидејќи во спротивно ќе завршите со скршено срце

Праќањето пораки на социјалните мрежи стана многу популарен начин на комуникација помеѓу младите луѓе во денешно време. Мажите особено ги претпочитаат пораките бидејќи тие им овозможуваат да останат во контакт без многу труд. Предноста е во тоа што можат да прават што било друго истовремено и притоа не мораат да разговараат на телефон. Негативната страна е тоа што жените овие пораки ги сфаќаат премногу сериозно и ги сметаат за знаци кои покажуваат дека некој маж е навистина заинтересиран за нив. Многу девојки уживаат во слатките, едноставни пораки и се лажат дека на тој начин градат вистинска поврзаност со некого. Но, за жал, многупати се во голема заблуда и завршуваат повредени. Игнорирајте ги пораките на следниве типови мажи бидејќи тие несомнено ќе доведат до големо разочарување и скршено срце…

Игнорирајте ги пораките на овие типови мажи бидејќи во спротивно ќе завршите со скршено срце

Мажот кој се допишува со голем број девојки истовремено

Тој не е подготвен за сериозна врска, но му треба женско внимание. Според него, пораките се одличен начин да има повеќе жени на дофат. Со многу малку труд и посветеност тој успева да го одржи контактот. Тој сигурно се допишува со повеќе девојки истовремено секој ден. На тој начин се чувствува попривлечно и си ја зголемува самодовербата. Пораките му го хранат егото додека неговата популарност сѐ повеќе расте.

Мажот кој очајно ви праќа пораки цело време

Тој може да ви пишува по цели денови. Нему му треба вашето внимание и помош. Тој ќе ви пишува некои глупости и ќе ви поставува бесмислени прашања само колку да остане во контакт. На почетокот можеби ќе ви биде забавно, но по некое време пораките ќе почнат да ве исцрпуваат и нервираат.

Мажот кој се обидува да ве контролира преку пораки

Тој покажува многу внимание бидејќи постојано сака да знае што правите и каде сте. На почетокот можеби таквото однесување ќе ви ласка, но неговите пораки полни со прашања ќе ви станат здодевни и напорни. Тој преку пораки се обидува да ве држи под контрола, а такво нешто не ви треба.

Мажот кој ви праќа пораки иако има девојка

Тој покажува романтичен интерес кон вас и покрај тоа што е во врска. Многу експерти го нарекуваат тоа емоционално неверство. Тоа значи дека тој иако има сопруга или девојка, создава емоционална поврзаност со друга жена преку допишување. Тој не изневерува физички, туку само флертува. Нормално дека не би сакале да си имате работа со маж кој го прави ова.

Игнорирајте ги пораките на овие типови мажи бидејќи во спротивно ќе завршите со скршено срце

Доколку некој постојано ви пишува, но нема време за да ве види, тоа треба да го сфатите како знак дека нешто не е во ред. Некои мажи ја задоволуваат нивната потреба од емоционална поддршка преку пораки без притоа да излегуваат на љубовни состаноци. Повеќето жени сакаат да комуницираат и да дадат совет и можеби ќе ви биде драго што тој покажува толкав интерес за вас. Но, обично неговите пораки не значат апсолутно ништо. На некој начин вие ја нудите вашата добрина, емпатија и срце за ништо. И на крајот ќе бидете фрустрирани и ќе се прашувате зошто не ве поканил да излезете.

Запаметете дека треба да си го цените сопственото време и дека вашата поддршка треба да биде привилегија. Не ја трошете вашата енергија на некој кој нема време да ве види. Немојте да заглавувате во вакви бесмислени врски кои нема да ве одведат никаде.

Доколку сакате да му дадете до знаење дека немате време да се допишувате, нема потреба да бидете директни. Едноставно престанете да му враќате на пораките. Одговарајте на секоја трета порака или по неколку часа. Тој многу добро ќе ве разбере доколку престанете да ја играте неговата игра.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар