Идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент

Идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент

Воопшто не планиравте да организирате новогодишна забава, но никој од вашето друштво не презема иницијатива па целата одговорност ви припадна вам. Вие треба да го соберете целото друштво за Нова година, но немате поим како да го изведете тоа бидејќи буквално имате само еден ден на располагање.

Идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент

Не ви се оди во некој клуб или кафуле, бидејќи цените се високи, а и сигурно ќе има премногу гужва. Нова година во домашна атмосфера е единствениот избор што ви се чини прифатлив. На крајот собравте храброст и решивте да ги поканите пријателите кај вас. Сите се согласија, но постои еден мал проблем: Воопшто не сте подготвени! Пред да почнете да паничите прочитајте ги овие неколку едноставни идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент…

Испратете покани преку Интернет

СМС пораките лесно се занемаруваат, бидејќи сите обрнуваат поголемо внимание на пораките на Фејсбук и Вајбер. Ако веќе сте решиле дека ќе приредите забава, нека биде тоа официјално со тоа што ќе испратите покани преку Интернет. Ќе ви одземат само неколку минути, а на вашите гости ќе им биде полесно да дојдат до потребните детали околу забавата.

Организирајте тематска забава

Доколку навистина ве има обземено празничната еуфорија, одберете тема! На тој начин луѓето ќе имаат претстава за каква забава станува збор, а и вам ќе ви биде полесно при планирањето. Темата може да биде поврзана со што било: Со одреден период, боја, филм или уметност. Никој нема да забележи дека сте се сетиле на ова во последен момент.

Идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент

Не ги заборавајте друштвените игри

Игрите не се наменети само за деца. Со нив ќе можете да го скршите мразот и да ја покренете атмосферата на забавата. Одберете некои забавни игри и модифицирајте ги според вашите потреби и интереси. Асоцијациите, пантомимата, па дури и игрите со карти во парови се одличен избор!

Нарачајте храна

Кога станува збор за организирање забава во последен момент, готвењето не доаѓа предвид бидејќи тоа е голем подвиг. Не би сакале целиот ден да го поминете во пазарење и во чистење на кујната. Одберете ресторан што ви се допаѓа и нарачајте доволно храна.

Направете музичка плејлиста

Тивките забави се многу непријатни. Одвојте време за да подготвите музичка плејлиста со најновите хитови која ќе трае со часови. Додајте некои ретро хитови и македонска поп музика за да внесете малку разновидност. Музиката навистина ќе ја покрене атмосферата на забавата.

Идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент

Набавете некои основни декорации

Не треба да нарачувате ледена скулптура во форма на лебед, но можете да закачите неколку балони и сијалички за да го разбудите празничниот дух кај вашите гости.

Вклучете го телевизорот, но намалете го гласот

Можете да пуштите некој музички канал или класичен филм, но без глас. На тој начин гостите ќе имаат на што да се фокусираат кога ќе пристигнат. Одбегнувајте спортски натпревари, телевизиски емисии и вести. Она што ви треба е визуелно да го збогатите амбиентот.

Направете фотокабина

Залепете некои декорации на ѕидот и направете си ваша оригинална фотокабина. Гостите ќе се забавуваат додека позираат и се сликаат со мобилните телефони. Можете да додадете и реквизити како чаши, новогодишни капи, шалови, ракавици, мустаќи, очила и што било друго. Така вашите гости ќе имаат материјален спомен од забавата по кој секогаш ќе ја паметат.

Идеи за новогодишна забава што ќе можете да ги изведете во последен момент

Запалете свеќи

Ако немате време да го украсите домот, свеќите се тука за да ви помогнат. Изгасете ги светлата и запалете еден куп свеќи. Само внимавајте да не предизвикате пожар!

Не го заборавајте десертот

Направете колачиња, истурете бонбони во чинија или купете сладолед од продавница. Важно е да ја завршите вечерта со нешто слатко. Тоа е последното нешто на кое ќе се сеќаваат гостите кога ќе си заминуваат, така што нека си отидат најадени и задоволни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар