Идеални вежби за вашата градба на тело

Идеални вежби за вашата градба на тело

Извлечете го максимумот од вежбањето, прилагодувајќи го тренингот според вашата градба. Според оваа поделба ќе можете да видите на кој дел од вашето тело треба да му обрнете внимание. Ви ги издвојуваме четирите типа градби – препознајте се во кој спаѓате и почнете да вежбате.

Идеалните вежби за вашата градба на тело

Крушка

Доколку имате тело во облик на крушка, спаѓате во групата убавици како Алиша Кис, Џенифер Лав Хјуит, Џенифер Лопез и многу други. Крушкастиот облик подразбира послаб горен дел во однос на долниот дел од телото.

Така, колковите и бутовите се централен дел на вашето тело и нормално е да сакате да ги ослабете и затегнете, но не треба да заборавите ниту на делот над појасот. Се препорачуваат вежби за зајакнување на мускулите на рацете и рамената, со подеднакво времетраење како и оние за колковите и бутовите. Најдобро решение е одењето, трчањето и возењето велосипед, барем 45 минути дневно, пет пати неделно. Вака нема да вршите голем притисок на колената, зглобовите и колковите.

Кога станува збор за зајакнување на мускулите на рацете и рамената, се препорачува да почнете да вежбате со помала тежина, а со тек на време да почнете пополека да ја зголемувате.

Идеалните вежби за вашата градба на тело

Правоаголник

Вакво тело имаат Камерон Дијаз и Гвинет Палтроу. Тие можат да носат сѐ, но немаат истакнати типични женски облини. Основна карактеристика на овој тип градба е тоа што рамената и градите се скоро иста големина како бутовите и ненагласениот струк.

Во случај на здебелување, најпроблематичен дел е стомакот. За да добијат облина, жените со ваква градба треба да обрнат внимание на затегнување на стомакот, односно на отстранување на масните наслаги. На тој начин ногу ќе се истакне струкот. Покрај тоа, треба да ја зголемат мускулната маса на задникот со посебни вежби за тој дел од телото. За оваа намена можат да прават клекнувања (сквотови) и да се качуваат по скали наместо со лифт.

Меѓутоа, не е доволно да се прават вежби само за одредени делови од телото, туку во целост да се активира телото. Покрај вежби за стомакот и задникот, се препорачува трчање и одење по угорници, како и возење велосипед.

Идеалните вежби за вашата градба на тело

Песочен часовник

Телото во облик на песочен часовник се смета за идеално поради тенкиот струк и пропорционалниот горен и долен дел. Типични претставнички на ваква извајана фигура се Бијонсе, Скралет Јохансон и Хали Бери.

Карактеристично за девојките со ваква фигура е тоа што при дебелеењето, килограмите се распоредуваат на сите делови од телото. Меѓутоа, без редовно вежбање за затегнување, кај овие девојки постои поголем ризик да се појават вишок килограми во бутовите и надлактиците.

Се препорачуваат кардио и вежби за затегнување. Кардио вежбите можат да подразбираат активности како зумба, пливање, возење велосипед и слично. Кога се во прашање вежби за затегнување и создавање мускули, овие дами треба да внимаваат на зајакнување на горниот дел од грбот.

Идеалните вежби за вашата градба на тело

Атлетска градба

Тесни колкови и широки рамена е описот на градба на тело како што има Џесика Бил. Претставничките на овој тип фигура имаат тешкотии да пронајдат костим за капење, бидејќи често едниот дел им е точен, а другиот им е голем или мал.

Затегнувањето на стомакот и вежбите за обликување на бутовите и задникот се совршено дополнување на ова градено тело. Добра вест е тоа што овие припаднички на женскиот пол имаат тенденција брзо и лесно да развиваат мускули и да ги топат масните наслаги, благодарение на нивниот јак метаболизам. Така тие нема да имаат проблем со никаков тип вежби.

Препорачливо е да прават вежби кои не бараат преголемо вложување сила и кои не бараат премногу повторувања, како трчање, возење велосипед и слично.

Идеалните вежби за вашата градба на тело

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар