И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Кога немате време за средување, не грижете се, и без тоа можете да изгледате одлично. Погледнете ги следните предлози за комбинации, кои ќе ви служат како инспирација за помрзливите денови.

Убав џемпер во поголем број

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Џемперот во поголем број ќе направи да се чувствувате удобно и топло. Не ќе мора да се грижите за килограмите бидејќи џемперот и онака сѐ ќе покрие. Во комбинација со дебели хеланки ќе направи да изгледате тренди и средено истовремено, без многу напор.

Маица со бенд

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Дозволете си малку рок изглед и облечете ја маицата со омилениот бенд. Искомбинирајте ја со фармерки и чизми. А, доколку надвор е потопло, супер избор ќе бидат и едноставните балетанки. Дури и косата да не ви е совршено наместена, не грижете се, сите ќе ви се восхитуваат на одличниот вкус за музика.

Хеланки

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Не мора да вежбате за да ги носите ваквите хеланки. Ако не сте расположени за фармерки, слободно облечете ги. Удобни се и интересни. Но, внимавајте, оцртуваат сѐ, па доколку ви е непријатно искомбинирајте ги со подолга маица.

Интересна шапка

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Шапките се моден детаљ и никој нема да забележи дека ја носите за да ја сокриете несредената коса. Изберете некој интересен модел како баретка или нешто во стилот на дваесеттите за погламурозен изглед. Понудата е голема и сигурно ќе најдете некоја по ваш вкус.

Темни бои

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Кога не знаете што да облечете, облечете се во црно. Не мора да се грижите како да ги искомбинирате парчињата, а истовремено ќе изгледате скромно и класично. Навистина лесно решение.

Палто

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Облечете што и да е и одберете некое убаво палто што ќе покрие сѐ. Ако надвор не е многу жешко, ќе можете и целиот ден да го минете така. Најубавото кај палатата е што можете да ги носите со недели и никој да не се зачуди.

Фустан

И кога сте мрзливи, можете да изгледате одлично!

Кога ќе видите девојка во фустан, си спомнувате колку ли време потрошила за спремање. Но, всушност фустаните се носат токму кога не можете да искомбинирате ништо попаметно. Па, ако надвор времето е убаво, зошто да не го облечете омиленото фустанче? Солидно решение за мрзливи денови, кое оддава сосема различен впечаток за вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар