Хранливи состојки за уште похранливо смуди

Смудито е еден од најпопуларните пијалаци на денешницта за што придонесе неговиот хранлив состав. Ако сакате да го направите хранливото смуди уште похранливо започнете да ги користите овие состојки.

1-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_

1. Маслиново масло

Иако маслиновото масло претставува составен дел на секоја салата, исто така е и одлична состојка за секое смуди. Тоа е богато со незаситени масти кои се здрави за нашето срце, а придонесува и хранливите состојки од смудито уште подобро да се апсорбираат во нашиот организам. Освен тоа што е хранливо, една лажичка маслиново масло е доволна за вашето смуди да биде уште повеќе кремасто, а со самото тоа и уште повкусно.

2-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_

2. Семе

Без разлика за каков вид семе ќе се одлучите, оваа состојка е здрава бидејќи претставува богат извор на магнезиум, кој му помага на нашиот имунолошки систем да биде здрав подолго време. Чиа семето, на пример, придонесува за регулирање на крвниот притисок, лененото семе помага во создавањето на влакна, а ако сакате да внесете повеќе протеини, тогаш изберете семе од коноп. Како што кажавме, без разлика кое семе ќе го одберете нема никако да погрешите.

3-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_

3. Ледено кафе

Има многу придобивки од леденото кафе, а една од нив е тоа што може да го забрза вашиот метаболизам, но исто така и да ја подобри вашата меморија. Една нова студија покажува дека овој напиток може да ја подобри вашата физичка активност, па никако не го изоставувајте ако сакате да пиете смуди наутро. Леденото кафе оди супер со банана и бадеми.

4-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_

4. Путер од бадеми

Премногу вкусниот путер од бадеми може да му даде нова нота на вашето смуди, бидејќи е доволна само една лажичка за да го збогати со магнезиум, протеини, железо и витамин Е. Неколку студии имаат покажано дека оваа состојка помага против борбата со ракот и срцевите болести.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

5. Кокос

Доколку сакате богато смуди, тогаш не пропуштајте во него да додадете свеж кокос, бидејќи тој е богат со витамин Б и ќе ви помогне да бидете полни со енергија низ текот на целиот ден. Одлично би било да го конзумирате наутро, бидејќи содржи многу магнезиум и калиум, а покрај ова има ниско ниво на шеќер.

6-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар