Храна која ве прави попаметни

Сигурно кога сте биле деца домашните ви велеле „Јади моркови за да имаш подобар вид“. И иако има некоја вистина во ова, ваквите совети честопати се земаат здраво за готово, бидејќи се чини дека секој вид храна нешто подобрува. „Јади спанаќ за да бидеш силен како Попај“ , „Испиј го млекото за поздрави коски“ итн.

Вистина е дека јадењето зеленчук и овошје е добро за вас. Јадењето пак на повеќе различни видови е дури подобро, бидејќи така телото ги добива сите витамини кои му се потребни за оптимално функционирање. Најдобриот дел е тоа што одреден тип зеленчук или овошје со себе носи неколку придобивки. Морковите на пример, не се добри само за очите, туку и за мозокот.

Храна која ве прави попаметни

Па така, доколку во одредена ситуација ви треба зголемена мозочна активност и енергија, да речеме кога учите за некој испит, не е на одмет да почнете да консумирате повеќе здрава храна, која докажано ја подобрува работата на мозокот. Еве некои видови храна кои треба да започнете да ги применувате во секојдневната исхрана, доколку сакате да ја подобрите и зголемите мозочната активност.

1. Моркови

Морковите покрај витаминот А, содржат и витамин Б, кој помага во градењето и лачењето на хемикалии познати како невротрансмитери. Нервниот систем зависи од невротрансмитерите за пренесувањето на пораки до мозокот, поточно оние поврзани со расположението, гладот и спиењето.

Храна која ве прави попаметни

2. Јогурт

Јогуртот е богат со витамин Б12, уште познат како витаминот на меморијата, присутен само во храна од животинско потекло. Ја потпомага функцијата на нервите и освен во јогуртот, може да се најде и во сирењето, кашкавалот, лососот, ракчињата и говедското месо.

Храна која ве прави попаметни

3. Спанаќ

Најдобрата храна за здравјето на мозокот е спанаќот. Богат е со антиоксиданси и токму во тоа лежи користа на овој зеленчук. А исто така содржи и многу витамини и минерали.

Храна која ве прави попаметни

4. Зелен чај

Зелениот чај, не само што е голем извор на антиоксиданси, туку и содржи значителни количини на кофеин, што пак е добра замена за кафето. Кофеинот докажано ја подобрува мисловната функција, фокусирањето и концентрацијата. Антиоксиданси има и во кафето и во чоколадото, но тие не се толку силен извор како зелениот чај.

Храна која ве прави попаметни

5. Јајца

Иако е познато дека жолчките од јајцата не се баш најдобри за здравјето, сепак не треба да се занемарат кога станува збор за работата на мозокот. Холинот, градбена единица на невротрансмитерот ацетилхолин, ја подобрува меморијата, и го има во јајцата, особено во жолчките.

Храна која ве прави попаметни

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар