Храна која најдобро оди со вино

Нема ништо поубаво од добро вино искомбинирано со вкусна храна. Погледнете кои се производите што најдобро одат со овој пијалак.

Чоколадо

Темното чоколадо е одлично во комбинација со црно или со бело вино. Разните видови чоколадни бонбони повеќе одговараат со сувите вина. Браунис колачињата, исто така, се многу добар избор.

Храна која најдобро оди со вино

Шумско овошје

Јагодите, малините, боровинките, калините одлично одат со виното. Доколку немате свежо шумско овошје, тогаш можете да ставите неколку замрзнати плодови во самата чаша. Ќе добиете интересен аранжман и подобар вкус.

Храна која најдобро оди со вино

Италијанска храна

Не може да се зборува за вино, без да се спомне италијанската храна. Пицата и тестенините се типичниот избор. Но, пробајте нешто поразлично, како на пример, познатата италијанска салата Капрезе.

Храна која најдобро оди со вино

Сирење

Вистинска класика. Одберете некое од поспецифичните видови сирење и послужете го со вино. Не заборавајте да ставите зеленчук и грицки, кои одат добро со ваквата комбинација.

Храна која најдобро оди со вино

Индиски оревчиња или фстаци

Индиските оревчиња или фстаците се наједноставниот и највкусниот избор. Доколку ги послужувате со слатко вино, на индиските оревчиња може да им додадете и малку цимет за подобар вкус.

Храна која најдобро оди со вино

Грозје

Навистина необична, но многу вкусна комбинација. Посветлите вина подобро одговараат со зелено грозје, додека потемните со црвено или црно грозје. Можете да користите свежо или замрзнато грозје.

Храна која најдобро оди со вино

Васаби

Васабито или јапонскиот рен, се прави од коренот на растението Васаби. Кај нас не може да се најде свежо Васаби, но свежиот обичен рен е солидна замена и го има сличниот, специфичен лут вкус, што добро оди со вино.

Храна која најдобро оди со вино


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар