Храна која ќе ви помогне да ослабете

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Погледнете ја оваа кратка листа која ќе ви помогне без диета да ослабете неколку килограми пред почетокот на летото…

Благ десерт

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Една интересна студија која била спроведена од Универзитетот во Тел Авив открила дека луѓето чии оброци за појадок изобилуваат со јаглехидрати и протеини и кои потоа јадат десерт губат многу повеќе тежина од оние кои го започнуваат својот ден со нискокалорична храна без шеќер. Учесниците кои си дозволувале мала закуска – чоколадо, крофна, колаче или парче торта изјавиле дека се чувствуваат многу помалку гладни и имаат помала потреба за храна во текот на целиот ден. По завршувањето на 8-месечното тестирање, тие во просек изгубиле 20 килограми, а оние кои биле на нискокалорична диета изгубиле само 5 килограми.

Супа

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Според едно истражување од Пен Стејт, доколку изедете една чинија нискокалорична супа пред главниот оброк, вие ќе конзумирате во просек околу 20% помалку калории за време на ручекот. Токму затоа секогаш одбирајте нешто полесно и поздраво како предјадење.

Овесни снегулки со ореви

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Бидејќи се многу густи, на вашето тело му е потребно многу повеќе време да ги обработи оревите. Како резултат на тоа, тие ќе останат подолго време во вашиот организам и ќе чувствувате ситост со часови по конзумирањето. Доколку ги комбинирате со овесни снегулки кои изобилуваат со јаглехидрати, вие ќе добиете дополнителна енергија која ќе го одржува нивото на шеќерот во крвта и токму поради тоа нема да имате потреба да јадете чоколади и други благи во текот на денот.

Млеко

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Една студија која била објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана открила дека луѓето кои пијат една и пол чаша млеко на ден губат дупло повеќе килограми од оние кои пијат само половина чаша. Доколку пиете редовно млеко вие ќе го зголемите нивото на витаминот Д во вашата крв кој ќе ви помогне со губењето на тежината.

Домашен сендвич

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Оние кои барем еднаш неделно излегувале надвор на ручек губеле многу помалку тежина од оние кои си носеле домашно подготвен оброк на работа. Истражувачите од Центарот за истражување на ракот Фред Хатчинсон, кои ја спровеле оваа студија, велат дека за разлика од домашно подготвената храна, вие немате многу контрола врз состојките и големината на оброците кои ги служат во рестораните.

Марула

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Убавината на зелените салати е што можете да изедете поголемо количество од нив без да се грижите за внесувањето на голем број калории. Плус, за да изедете обемна салата потребно е повеќе време, што ќе ви помогне да се чувствувате сити. Поголемиот дел до луѓето го завршуваат својот оброк за 5-10 минути, а на нашето тело му требаат барем 20 за да сигнализира дека ни е доволно, па токму затоа јадете колку што е можно побаввно.

Црно чоколадо

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Според откритијата на Универзитетот во Копенхаген, црното чоколадо исполнува многу повеќе од млечното. Во ова истражување се открило дека луѓето кои изеле 100 грама црно чоколадо и на кои потоа им било понудена пица, изеле 15% помалку од останатите испитаници кои изеле 100 грама млечно чоколадо како предјадење.

Диња

Храна која ќе ви помогне да ослабете

Секоја храна која изобилува со калиум (лубеница, авокадо, банана) има улога на природен диуретик кој помага при исфрлањето на насобраната непотребна вода во вашето тело.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар