Храна која го прави вежбањето поефективно

Храна која го прави вежбањето поефективно

Многумина го форсираат своето тело правејќи напорни вежби со цел да постигнат совршена фигура каква што посакуваат. Но, покрај физичката активност, многу важен фактор е исхраната. Одредена храна ќе ви даде повеќе енергија во текот на вежбањето и ќе го направи поефективно, во зависност од тоа каков вид вежби ќе практикувате. Затоа, нареден пат, пред да тргнете накај фитнес салата или вашата патека за џогинг, консумирајте храна која ќе ви даде енергија и ќе ви помогне полесно да ги намалите калориите.Храна која го прави вежбањето поефективно

Пред кардио вежби

При кардиоваскуларни вежби, потребна ви е енергија, па затоа клучно е да го „наполните“ вашето тело со „гориво“. Пред да почнете со кардио вежби, практикувајте да консумирате:

Мед – Медот е веќе проверен рецепт за издржливост на светски познатите атлетичари. Медот е природен извор на шеќери и енергија, така што нема да му наштети на вашиот организам. Изедете лажичка мед пред да заминете на вежбање или додадете го во чај. Можете да го додадете во зелен чај, кој меѓу другото е добар за намалување на телесната тежина.

Скроб – Нема ништо полошо од губење на целата енергија во текот на вежбањето, што го прави неефективно и исцрпувачко. Два до три часа пред да започнете со вашите вежби, јадете овесни снегулки, тост со бел леб или житни тестенини. Ваквата храна ќе ви помогне со тешките кардио вежби и ќе ви помогне да изгубите повеќе калории.Храна која го прави вежбањето поефективноОвошје – Овошјето е полно со витамини и минерали кои му се потребни на вашето тело за да го достигне максималниот капацитет на физичка активност. Природните шеќери ви даваат енергија, а природните влакна во овошјето ви создаваат чувство на ситост. Секогаш е добро да консумирате храна со протеини заедно со овошјето. Така полесно ќе го победите чувството на глад и ќе имате доволно енергија за вашите вежби.

Храна за зајакнување на мускулната маса

Кога кревате тегови или правите слични вежби со отпор, клучно е да ги „нахраните“ мускулите. Одредени видови храна ќе ви помогнат при процесот на зајакнување на вашите мускули, како на пример:

Јајца – Јајцата се еден од најголемите извори на протеини кои ги јакнат мускулите. Иако често се прекинува нивната употреба поради високото ниво на холестерол кој го содржат, недамнешни истражувања покажуваат дека холестеролот од жолчката на јајцето нема значајно влијание на нивото на холестерол во крвта. Во секој случај, поради безбедносни мерки се препорачува да се ограничи консумирањето јајца, максимум до две во денот.

Иако многумина ги консумираат живи, тоа не е препорачливо. Јајцата содржат бактерија салмонела, која може да биде многу штетна. Секогаш згответе ги пред да ги вклучите во вашиот оброк.

Бадеми – Бадемите содржат многу протеини и ви даваат чувство на ситост. Иако содржат масти, ваквите масти се природни и добри, а воедно помагаат за редукција на лошиот холестерол. Секако, важно е да се препознае границата, и како и со секоја друга храна, така и со бадемите, да не се претерува.Храна која го прави вежбањето поефективноЛосос – Покрај протеинските придобивки, лососот е секогаш здрав избор поради омега 3 масните киселини. Тие воедно го хранат мозокот за да останете фокусирани на вашите техники за вежбање. Откако ќе го зготвите, врз него исцедете малку лимон и јадете го заедно со некаква зеленчукова салата. Пожелно е да изедете до две парчиња леб, за повеќе енергија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар