Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

Иако следуваат многу празници и секој ужива во заедничките оброци со семејството и пријателите, можеби сепак најдобро ќе ви биде доколку ја прескокнувате вечерата.

Оваа диета е многу едноставна за спроведување и не бара посебни намирници или готвење на специјални јадења. Сè што треба да правите е да ја прескокнувате вечерата, што значи дека после 16 часот не треба да јадете до наредното утро. Доколку останувате до покасно, можете да го поместите последниот оброк понапред, но важно е разликата помеѓу последниот и првиот оброк да ви биде 14 часа.

Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

Американскиот истражувачки центар за диететика докажа дека доколку го практикувате ова, позитивно му влијаете на организмот и тоа повеќекратно.

Слабеење

Доколку не внесувате храна во организмот по 16 часот, телото почнува пополека да ги согорува мастите. Не треба да очекувате инстант резултати, туку да бидете трпеливи.

Телото ќе согорува по неколку грама дневно, што воедно е и предност на оваа диета, бидејќи на тој начин нема да се појави вишок на кожа, поради загубата на преголема тежина, туку кожата полека ќе се прилагодува на смалената тежина.

Третман против стареење

Изворот на внатрешна младост е хормоналниот баланс и додека телото произведува доволно хормони, ние сме здрави и изгледаме младо. Гладот го стимулира производството на хормоните за раст и мелатонин.

Телото лачи доволна количина хормон за раст до 21-та година од животот, а потоа почнува да се намалува, додека во староста воопшто не се лачи. Намалувањето на хормонот за раст резултира со слабост во мускулите, замор и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Нашите предци, оделе на спиење гладни, за нивното тело да биде спремно за подолг период на условно постење. Кога сме принудени да одиме на спиење гладни, нашата енергија, која телото инаку би ја користело за варење, се троши за елиминација на штетните супстанци, зголемување на нивото на хормоните и за регенерација на клетките.

Топење маснотии

Ако редовно го следите ова правило, зголеменото ниво на хормони ќе влијае на намалување на маснотиите во телото, зајакнување на коските, зголемување на еластичноста на кожата, намалување на холестеролот во крвта, зајакнување на имунитетот, намалување на уморот и подобрување на функцијата на срцето.

Подобар сон

Како што знаете, додека спиете со празен стомак се произведува мелатонин, односно хормон за спиење. Во таа состојба, температурата на телото се намалува, а нашето спиење е подлабоко и се регенерираат клетките во телото. Сите луѓе по добро преспиена ноќ изгледаат помладо и обратно, по непреспиена ноќ изгледаат ужасно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар