Хит бои кои ќе се носат оваа есен

Модните трендови се менуваат од сезона во сезона. Оваа есен ќе ја одбележат живи бои и дезени. Ова се боите кои ќе бидат хит оваа есен:

Окер

Оваа боја е софистицирана и сензуална. Облеката со темно портокалова боја можете да ја комбинирате со некои парчиња со неутрална боја. Како на пример, тесни цевка фармерки во окер боја, одлично стојат со бела кошула.Хит бои кои ќе се носат оваа есен

Црвена

Црвената боја ќе биде апсолутен хит оваа есен. Црвени пантолони можат да се комбинираат со еднобојни маици и кошули или пак парчиња со живописни принтови. Во случај да не сте расположени за црвени пантолони, тогаш изберете некоја црвена блуза или кошула и сигурно нема да погрешите.Хит бои кои ќе се носат оваа есен

Сина

Во есенски бои не спаѓаат само оние кои асоцираат на ова годишно време. Одберете ја оваа боја и подгответе се да бидете главна модна икона оваа есен. Одлична е во комбинација со светло портокалова боја.Хит бои кои ќе се носат оваа есен

Жолта

Жолт фустан е едно од задолжителните парчиња за оваа есен. Одберете каков било вид жолт фустан за да изгледате сензуално. Дури можете да ја збогатите и вашата колекција на обувки, со еден пар жолти чевли.Хит бои кои ќе се носат оваа есен

Виолетова

Виолетовата е една од најубавите есенски бои. Без разлика дали ќе одберете да носите виолетови чевли, џемпер или фустан, секако ќе изгледате фантастично. Комбинацијата можете да ја надополните со бела или жолта чанта за да го комплетирате вашиот изглед.Хит бои кои ќе се носат оваа есен


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар