Грлобол? 7 трикови кои ќе ја смират болката преку ноќ

Болката во грлото е честа појава во зимските денови. Нејзиниот причинител е најчесто настинката, претераното напрегнување на гласот или сувиот воздух на кој сме изложени во текот на зимата поради греењето. Наместо модерни препарати и лекови, ние ќе ви претставиме неколку природни методи со кои можете на здрав и едноставен начин да ја отстраните таа несакана болка.

1-bolka-vo-grloto-7-trikovi-koi-kje-ja-smirat-bolkata-preku-nokj-www.kafepauza.mk_

1. Чај со чили пипер

Во ѓезве со вода додајте чај од лимон, чај од нане, исцеден сок од лимон, лажичка мед и малку лут црвен пипер во прав (на врвот од ножот). Сето тоа добро промешајте го и тргнете го од огнот пред да почне да врие. Испијте го додека е врело.

2. Бабин рецепт против болка во грлото

Во 250 мл вода додајте 2 лажички мед и добро загрејте (пазете да не зоврие). Тргнете ја од оган и во неа исцедете отприлика 2 лажички свеж лимон. За појак вкус можете да додадете и лажичка кафеав шеќер.

3. Млечна напивка со цимет

Измешајте една лажица шеќер, 2 прстофати сода бикарбона и 1/2 лажичка цимет. Додајте 250 мл млеко и добро измешајте. Ова ставете го на тивок оган и мешајте. Тргнете го од огнот пред да зоврие млекото и додајте лажица мед. Пијте го додека е топло.

4. Чај од билки со ракија

Измешајте зелен чај, камилица и чај од лимон и ќе добиете здрава напивка полна со антиоксиданси. Зачинете ја со лажица мед, сок од лимон, ѓумбир и малку ракија и ќе се чувствувате како да сте испиле природен аналгетик.

2-bolka-vo-grloto-7-trikovi-koi-kje-ja-smirat-bolkata-preku-nokj-www.kafepauza.mk_

5. Гаргара

Направете физиолошки раствор од 250 мл вода и една мала лажичка сол. Мешавината ставете ја на оган и оставете ја да зоврие. Земете поголема голтка течност, подигнете ја главата и направете гаргара. Не ја голтајте течноста, туку по десетина секунди исплукајте ја.

Повторувајте го ова најмалку 5 пати дневно додека симптомите на болка во грлото не исчезнат. Гаргарата со солена вода ќе ги намали симптомите на болно грло и ќе помогне во исфрлање на вирусот од организмот.

6. Инхалација

Зовријте 3 шолји топла вода и потопете вреќичка чај од лимон, камилица и малку свеж ѓумбир. Оставете 5 минути да се излади. Со раката проверете ја пареата да не е премногу топла и потоа ставете ја течноста во поголем сад за инхалирање. Земете чист пешкир и префрлете го преку глава. Наведнете се, покриени со пешкирот, над садот и вдишувајте ја пареата низ устата и носот 5-10 минути. Болката во грлото на овој начин ќе биде ублажена што ќе ви помогне полесно да заспиете.

7. Топли облоги

Направете чај од суви цветови од камилица и додека сè уште е врел во него ставете чист пешкир. Кога чајот малку ќе се излади добро исцедете го пешкирот, замотајте го по должина и ставете го на вратот. Кога оваа облога ќе се излади, повторно згрејте го чајот и повторете ја постапката.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар