Грешки при отстранување на митесерите од лицето

Веруваме дека веќе добро знаете дека оние грди црни точки на вашиот нос се митесери, но она што сигурно не го знаете е фактот дека со погрешното отстранување можете да ја влошите ситуацијата и да го направите проблемот повидлив. Што да направите кога на вашето лице ќе се појават митесери? Најверојатно ќе го исчистите лицето или пак ќе започнете да ги стискате, но со агресивни методи и чести миење нема лесно да се ослободите од нив, баш напротив, можете да ја влошите ситуацијата. Дознајте кои се најчестите грешки кои ги правите кога ги отстранувате митесерите и секако обидете се да ги избегнете ако сакате убав и негуван тен.

1-greki-koi-gi-pravite-koga-gi-otstranuvate-miteserite-od-vaeto-lice-www.kafepauza.mk_

1. Прегрубо чистење на лицето

Механичките пилинзи може да бидат доста делотворни за одржување на чистите пори, додека оние хемиските се одлични за отстранување на вишокот маснотии, но честата употреба на двата вида може да создаде повеќе проблеми отколку корист. Освен иритацијата и црвенилото на кожата, пресилната ексфолијација може да ја влоши состојбата на акните и митесерите, бидејќи дополнително ќе го поттикне создавањето на лој и со тоа порите уште повеќе ќе се затворат. Затоа намалете го притисокот на рацете додека го правите пилингот и немојте да правите почесто од еднаш до два пати неделно.

2. Прстите кон себе

Истискувањето на митесерите дома е најлошата работа која можете да ја направите за вашиот тен. Нестручниот обид за вадење може да ја оштети вашата кожа или уште полошо да ги прошири порите, а доколку имате лоша среќа, порите можат да ви се инфицираат и во нив да се создадат акни. Домашното третирање на непријатните црни точки е дозволено само со постапката за екстракција со адекватни стерилизирани алати, па за следниот пат запомнете – прстите кон себе!

3. Не откажувајте се од оние тврдоглавите

Кога ќе се обидувате да ги отстраните митесерите обидете се најпрво да ги третирате оние кои се најголеми и највидливи, а оние малите воопшто немојте да се обидувате да ги стискате, бидејќи можете ситуацијата да ја направите полоша. Ако се обидете три пати да ја извадите црната точка и не ви успева, тоа значи дека митесерот не е зрел и треба да го оставите, бидејќи во спротивно можете да предизвикате пукање на капиларот на лицето, а сигурни сме дека не го сакате тоа.

4. Не ја хидратизирате кожата доволно

Можеби ќе ви звучи контрадикторно, но вашата кожа мора да содржи доволно влага за да го спречи создавањето на митесери. Ако вашата кожа е сува, таа ќе произведува повеќе лој и масла, па порите ќе се затвораат. Користете хидратантни креми и производи што не се комедогени, односно не ги затнуваат порите.

5. Пречесто се гледате во огледало

Огледалата кои го зголемуваат ликот до неколку пати може да бидат доста корисни, но може и да ве депримираат, бидејќи во нив ги гледате апсолутно сите неправилности! Сите оние кои имаат проблеми со митесерите знаат дека нивната најголема концентрација е на носот, па не смеат да го гледаат одблиску. Најдобар совет за сите оние кои се борат со оваа појава – фрлете ги огледалата кои зголемуваат, бидејќи малиот проблем може да ви изгледа како голем.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар