Грешки кои мажите ги прават во заведувањето

Некогаш освојувањето на срцето на саканата може да биде тешка задача. Кога мажите ќе се „затрескаат“ во некоја девојка, можат да го загубат разумот и да направат работи кои се навистина погрешни и кои ќе им донесат неуспех.

Грешки кои мажите ги прават во заведувањето

Момци, слушнете женско мислење на оваа тема, би ви било од корист. :)

1. Не бидете напорни – Доколку сакате да ја повикате на состанок, одберете го вистинскиот начин, време и место. Не бидете здодевни и напорни, не качувајте ѝ се на глава. Едно е да си упорен, но сосема друго е да си жива досада! Не оптоварувајте ја со безброј повици и пораки.

2. Не глумете недостижни – Откако ќе го преземете првиот чекор, не повлекувајте се веднаш. Доколку сосема „оладите“ и таа ќе изгуби секаков интерес за вас. Давајте ѝ до знаење дека сте заинтересирани за неа, без да бидете здодевни.

3. Гледајте ја во очи – Кога ќе излезете на вашиот прв состанок, гледајте ја во очи. Нека не ви „шара“ погледот по нејзиното тело, тоа е некултурно и глупаво. Таа ќе има впечаток дека не ја слушате и не обрнувате внимание на она што го зборува. Но не претерувајте, тоа не значи дека не треба да го двоите погледот од неа.

4. Зборувајте – Доколку со девојката сакате нешто сериозно, постојано отворајте теми за разговор, запознавајте се, зборувајте, но оставете ја и неа да зборува. Девојките знаат да ги ценат добрите долги разговори и способноста на мажите да зборуваат отворено и паметно.

5. Слушајте – Слушајте внимателно што ви зборува, бидете заинтересирани за нејзините проблеми, случувања, мислења и сл.

6. Не избрзувајте – Нема потреба да ѝ се додворувате кажувајќи ѝ дека ја сакате, бидете сигурни, таа знае дека тоа не е вистина. Не избрзувајте и не плашете ја со најави за сериозна врска и врзување, и жените се плашат од обврски. Оставете ги работите да си течат по природен тек.

7. Не фалете се – Каква кола возите, каде работите и кои се вашите примања, не се соодветна тема на разговор. Ако постојано зборувате за овие работи, тогаш очигледно тоа е единственото нешто за што може да разговарате и само со тоа би можеле да освоите нечие срце. Не заборавајте, ако најдете девојка која ќе биде со вас само поради вашата кола, таа секогаш може да најде некој со подобра кола од вашата. Не покажувајте се кој сте и што сте и не пробувајте да ја поткупите со подароци, тоа е навредливо.

8. Не употребувајте излитени фрази – Паметните девојки не „паѓаат“ на стари фрази кои се наоѓаат на секој чекор. Многу е подобро да ѝ кажете дека е слатка, отколку дека е „жешка“.

9. Не додворувајте ѝ се во пијана состојба – Жените сакаат зрели и стабилни мажи кои стојат зад секој збор што го рекле, а ваквата постапка ќе направи да личите на недозреан тинејџер. Однесувајте се културно кон дамата која сакате да ја освоите и бидете свесни што правите.

10. Ставете ја во центар на внимание – Нели девојките сакаат светот да се врти околу нив? Нормално без претерување, не давајте ѝ причина да си замислува дека е недостижна божица, но пружете ѝ го потребното внимание. Не е во ред додека сте излезени гласно да искоменtирате дека девојката на соседната маса е слатка.

11. Давајте им значење на нештата – Дајте ѝ до знаење дека обрнувате внимание на малите нешта. Изненадете ја подарувајќи ѝ ружа на некоја од вашите средби и објаснете ѝ зошто сте одбрале цвет баш во таква боја, или зошто сте ја однеле баш во тој ресторан. Едноставно давајте им значење на работите.

12. Бидете оригинални – Правете го она што таа не го очекува, вашите состаноци нека бидат невообичаени. Доколку очекува стандарден состанок, вие одведете ја на куглање или нешто слично. Бидете оригинални, девојките го сакаат тоа!

Но најважно од сè, не променувајте се откако ќе ја освоите. Не постои нешто што е трајно, не значи дека никогаш нема да ја изгубите.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    ili ednostavno kazano lazete ja i pravete i film i ke ja bide ,,rabotava”

  2. vivant Reply

    greski koi zenskite gi pravat vo zaveduvanjeto:
    sekogas cekaat maskoto prvo da gi zavede
    i da im se dopagja nekoj nema da mu pravat muabet za da ne izgledaat ,,lesni,,
    TOLKU a za nas 12 tocki…

  3. Kicho Reply

    Greski koi zenskite gi pravat vo zaveduvanjeto:
    1.Nikogas nejkaat prvi da se dodvoruvaat.
    2.Nikogas ne priznavaat deka go sakaat svoeto momce mislejki deka toj kje dobi krilja da fati druga zenska so Toaa se lazat nie maskite sakame da ni Priznaat zhenskite deka ne sakaat so toa se osejkame posigurni i polesno..
    3.Sekogas saka da pretera so oblekat Sekogas saka da se oblece mnogu kratko a ne znae deka toa i stetii Ne mora site da zjapaaT voo neaa…
    4.Najgolema Greskaa Kaii zhenskite ne Na poedinci Negoo na site Zhenski im Se odnesuvaa ova..Imaat mnogu golem inaaet toa ne e dobro i Se mnoguu TvrdogLAVI!!!!!!!…
    Dostaa E Zaa Segaa 😛 <3

  4. Pajo Pator Reply

    1. Најголем дел од женските не те приметуваат доколку си со крш кола и целата облеката што моментално ја носиш ти вреди 2 000 ден (нова)
    2. Глава ќе искршат кога ќе те видат истиот ти (оној клошарот) со друга облека (многу поскапа) и кола што не се слуша додека работи.
    3. Жените по природа бараат мажјак кој ќе им овозможи што е можно поудобен живот на нивните дечиња, како и на самите нив.
    Така да не ме чуди што жените не признаваат дека трчаат по пари. Тоа е потсвесно кај нив. И никогаш нема да го приметат…

Остави коментар