Греана ракија на британски начин

Автор: Димитар Гошевски

Топол и добредојден, токму навреме за празниците, „Hot Toddy“ е класичен зимски пијалак. Слободно пробајте го со вашите омилени видови чаеви, а ако не сте некој обожавател на чај, може да го подготвите и без него. Најчесто, но не и задолжително, се употребува црн или зелен чај, разблажен со слаткиот вкус на медот и со лимон.

Греана ракија на британски начин

Потребни состојки:
  • 300 мл бренди, виски или рум
  • 1 лажиче мед
  • ¼ лимон
  • 1 шолја топла вода
  • 1 кесичка чај
Начин на подготовка:
  • Прекријте го со мед дното на чашата (се препорачува посебна чаша за ирско кафе).
  • Додадете го алкохолот и сокот од лимон.
  • Настрана подгответе го чајот (се препорачува едно до две лажичиња шеќер, доколку сакате да го засладите).
  • Турете го чајот во чашата со алкохолот и мешајте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар