Градинарска салата на скара

Пеколните горештини се како измислени за добра дружба во двор под дебела сенка. Во таква атмосфера скарата е неизбежна. Изненадете ги пријателите со едноставно подготвена салата на скара. Тој вкус на зеленчукот допрен со ќумур ќе ù даде посебен шмек на салатата.Градинарска салата на скараПотребно е:

  • 1 главица марула
  • половина портокалова бабура
  • половина жолта бабура
  • половина главица кромид
  • 10-12 чери домати
  • 1 краставичка
  • 60 г тостирани пињоли
  • 80 г сланина, исечкана на коцки

Подготовка: Исечете ги на поголеми коцки бабурите и кромидот и набоцкајте ги на стапчиња за скара.Градинарска салата на скара Печете ги на скара додека да се карамелизира кромидот и да омекнат пиперките.Градинарска салата на скара Марулата исечете ја на крупни парчиња, доматите на половинки и краставичката на тркалца.Градинарска салата на скараТостирајте ги пињолите и пропржете ја сланината.Градинарска салата на скараСите состојки ставете ги во длабока чинија за салата, заедно со кромидот и пиперките на скара. Зачинете со сол, бибер, маслиново масло и оцет по вкус.Градинарска салата на скараНа крај, не заборавајте да си направите мохито од ананас на скара.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар