Гордоста зема голема животна енергија и сила! Како да ги препознаете горделивите луѓе?

Гордоста е извор на многу негативни емоции и мисли, а тие, од друга страна пак, водат до болести и страдања. Човекот кој сака да ја акумулира личната сила, односно, животната енергија, која му е неопходна за надминување на препреките, за лесно остварување на своите намери и работата на себе, мора да се ослободи од гордоста. Но, за да се ослободи од гордоста, најпрво треба да ја препознае.

1-gordosta-zema-golema-zhivotna-energija-i-sila-www.kafepauza.mk_

Најкарактеристични знаци на гордоста се:

1. Гордоста, пред сѐ, се забележува во чувството на својата безгрешност и исправноста или неисправноста на другите. Таквите луѓе мислат дека секогаш се во право, склони се да критикуваат, да осудуваат, да оговараат и да обвинуваат.

2. Гордоста можете да ја забележите и во самосожалувањето. Чувството на сопствена важност е скриено самосожалување, па оној што е горделив се чувствува несреќно, има страв од целиот свет, и за да се заштити од него, ги става на увид сопствените важност, значење и богатство. Таквиот човек е фокусиран само на себе, и започнува да игра улога на тиранин или жртва, а од неговиот живот исчезнува воздржаноста, разумот и урамнотеженоста.

3. Овие луѓе комуницираат со останатите како да се обраќаат кон мали деца. Тие се чувствуваат супериорно во однос на останатите, односно, сите луѓе ги сметаат за помалку вредни од себе.

4. Имаат заштитнички став кон кој било. Таквото исполнување на гордоста е блиско до претходното. Обично тие луѓе кога помагаат некому бараат благодарност и почитување. Од нив може да слушнете: „Треба да ми бидеш благодарен за тоа што го направив за тебе!“

5. Често понижуваат други, но и себеси. Постојат луѓе кои себеси се сметаат за губитници, веруваат дека не се способни за ништо, дека се духовно слаби, а кога ќе видат некого што е над нив, подготвени се да ползат на колена пред него. Во исто време, ако забележат луѓе кои се на пониско ниво од нив, ќе ги тераат да се однесуваат на истиот начин како и тие кога се во присуство на „посупериорна“ личност.

6. Тие цврсто стојат на ставот: „Без мене светот не може да постои.“ Таквите луѓе мислат дека сѐ зависи само од нив: Светот, работата, семејството… Овде постои тенка линија помеѓу одговорноста и сопствената важност.

7. Имаат премногу сериозен однос кон себе. Кај нив се појавува чувство дека тие се многу важни личности. И тоа чувство им дава повод да се нервираат со или без причина. А, кога во животот не се случува нешто како што тие не сакаат, можат едноставно да станат и да си заминат. Оваа ситуација често се забележува во семејствата пред развод. Секој брачен партнер смета дека на тој начин ја исполнува силата на својот карактер, но тоа не е така. На тој начин, тие всушност покажуваат слабост.

8. Тоа што си даваат преголемо значење, од друга страна, доведува до уште еден проблем – започнуваат да се фокусираат на тоа што другите го мислат или го кажуваат за нив. Тие се фиксирани на своите проблеми и постојано зборуваат за нив, па затоа и им се појавува нарцисоидност и самољубие.

9. Бескрајно се фалат бидејќи тоа само го полни нивното чувство на супериорност над другите, додека во реалноста имаат комплекс на инфериорност, и едноставно им е потребно да добијат одобрување од другите за да го почувствуваат своето значење.

10. Одбиваат помош. Гордиот човек не дозволува другите луѓе да му помогнат. Зошто? Затоа што сака сам да ги набере своите плодови –се плаши дека ќе мора да ги подели со некого.

11. Постојано им расте желбата да стекнат слава, почитување и почест. Овие личности си ги препишуваат на себе заслугите и работата на другите луѓе. Но, истовремено во нив е присутна и склоност од луѓето да прават идоли.

12. Имаат мислење дека дејноста со која човекот се занимава е неопходна и поважна од сите останати.

13. Секојдневно чувствуваат ривалство и желба да се направи нешто лошо и болно на противникот. Секоја конкуренција доведува до напрегање, предизвикува агресија, потсвесна желба да се деградира противникот, што на крајот доведува до прометувања и болести.

2-gordosta-zema-golema-zhivotna-energija-i-sila-www.kafepauza.mk_

14. Во нив владее желба да се обвинат луѓето поради своите греши, постапки и дела. Овие личности намерно бараат во другите недостатоци, мислено ги казнуваат, а сето тоа го прават со чувство на гнев, раздразнетост и мразење. Понекогаш дури сакаат и да казнуваат.

15. Употребуваат зборови чие значење не е јасно за другите. Обично од овој порок страдаат учените луѓе.

16. Тие се неподготвени да го споделат своето знаење.

17. Исто така не се подготвени ни да се заблагодарат и простат. Лесно се навредуваат.

18. Често се неискрени кон себе и кон другите луѓе. Горделивите личности не ги исполнуваат своите ветувања и намерно ги водат луѓето во заблуда и лаги.

19. Сарказам. Тие имаат огромна желба да бидат саркастични, прават злоби шеги на туѓа сметка, лесно повредуваат со остра забелешка или грубост.

20. Не се подготвени да ги признаат своите недостатоци, ниту пак духовниѕр проблеми и гордост.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар