Голем есенски тренд: Џемпер во форма на фустан

Мораме да признаеме, од една страна ја обожаваме есента, бидејќи новата сезона секогаш значи и нова причина за шопинг, но она што не го сакаме кај неа суденото време што нè ограничува кога се во прашање нашите дневни модни комбинации. Многумина од нас попрво би се замотале во некое ќебе и така би излегле, желбата да изгледаме женствено веднаш нè спречува во оваа намера. Исто така без размислување можеме да заклучиме дека ужасно ни недостигаат летните фустани. Но, сепак не е сè така црно! Летните фустани имаат своја совршена замена за во студените денови кои следуваат, а тоа се џемпер фустаните!

Краток водич за носење џемпери во форма на фустани:

3-golem-esenski-trend-kako-da-gi-nosite-dzhemper-fustanite-a-pritoa-da-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

Најнапред, многу е важно да го изберете оној фустан кој ќе одговара на вашата фигура и ќе го истакне само она што треба да се истакне, додека недостатоците ќе ги сокрие како на шега. Внимание – потрагата нема да биде лесна, па затоа добро размислете однапред кои модели, бои и кроеви најдобро ви стојат. Откако ќе ги утврдите овие работи, време е да се впуштите во авантурата за пронаоѓање совршен есенски фустан. Се подразбира, вашата најдобра другарка секогаш ќе биде добредојдена кога станува збор за советувањето.

1-golem-esenski-trend-kako-da-gi-nosite-dzhemper-fustanite-a-pritoa-da-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

Кога ќе посакате да го освежите вашиот изглед и едноставниот џемпер во форма на фустан да го направите поатрактивен и поженствен, тогаш одлучете се за впечатливо парче накит! Големите ѓердани се први на листата, односно никако немојте да ги складирате во кутија за да го чекаат наредното лето. Тие одлично ќе ви се најдат во ваквите есенски комбинации кога ќе посакате со вашиот стил да им покажете на останатите дека вие се разбирате во модните трендови.

2-golem-esenski-trend-kako-da-gi-nosite-dzhemper-fustanite-a-pritoa-da-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

Уште еден одличен моден додаток кој во целост ќе ја освежи вашата комбинација се секако впечатливите обувки. Во зависност од тоа што сакате да постигнете со вашиот изглед, изберете ефективни чизми над колена, класични салонки или чевли со вртоглава потпетица. На овој начин ќе добиете џемпер во форма на фустан што е совршен за секоја прилика, без разлика дали станува збор за лежерна, свечена или елегантна.

4-golem-esenski-trend-kako-da-gi-nosite-dzhemper-fustanite-a-pritoa-da-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

На крај, една од првите модни асоцијации за есен е дефинитивно слоевитото облекување. Затоа ова правило би требало да го примените и во случајот со џемперот во форма на фустан. Како? Начинот е многу едноставен. Искористете го вашиот фустан како туника и комбинирајте го со хеланки или тесни панталони. Заедно со модерни чевли и ефективен капут ќе изгледате како штотуку да сте „излегле“ од некое модно списание.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар