Гоџи бобинки: Сè што треба да знаете за оваа неверојатна суперхрана!

Гоџи бобинки: Сè што треба да знаете за оваа неверојатна суперхрана!

Оваа суперхрана датира уште од античките времиња и се користи повеќе од 2.000 години во традиционалната кинеска медицина. Гоџи бобинките потекнуваат од Азија и растат на грмушка. Имаат светло црвена боја, сладок и малку горчлив вкус и можете да ги консумирате свежи, зготвени или суви.

godzi-bobinki-se-shto-treba-da-znaete-kafepauza.mk

Покрај одличниот вкус, гоџи бобинките се богати со витамини, минерали, хранливи влакна и антиоксиданси. Тие можат да ви помогнат во борбата со разни болести, да ја контролираат вашата тежина и да ви помогнат во дигестијата.

Имаат малку калории и многу хранливи материи

Гоџи бобинките имаат ниско ниво на шеќер, а ова ги прави совршена ужина. Тие се одличен извор за многу витамини и некои аминокиселини. 100 грама гоџи бобинки содржат:

  • Витамин А
  • Витамин Ц – 48,4 милиграми
  • Калциум – 190 милиграми
  • Железо – 608 милиграми
  • Влакна – 13 грама
  • Протеини – 14,3 грама
  • 18 аминокиселини

Тие се добри за вашите очи

Гоџи бобинките содржат антиоксиданс кој е одличен за здравјето на очите. Според едно истражување во Швајцарија, консумирањето додатоци кои содржат гоџи бобинки, за 90 дена го намалуваат појавувањето на жолти точки под ретината на окото, што може да води до дегенерирање на очните мускули.

Ја спречуваат појавата на рак

Според едно истражување, гоџи бобинките може да ви помогнат во борбата против ракот. Истражувачите откриле дека една состојка од овие бобинки го спречува проширувањето на клетките на ракот.

Го подобруваат целокупното здравјето

Истражување од САД ги проучувало придобивките од консумирање сок од гоџи бобинки. Истражувачите дошле до заклучок дека консумирањето на овој сок за само 14 дена го подобрува целокупното здравје.

Одлични се за луѓето со дијабетес

Поради ниското ниво на шеќер, овие бобинки се одлична ужина за луѓето со дијабетес. Покрај ова, неколку истражувања покажале дека бобинките можат да го намалат нивото на шеќер во крвта.

Добри се за вашата кожа

Гоџи бобинките се богати со антиоксиданси па го спречуваат оштетувањето на клетките на кожата. Пиењето сок од овие бобинки може да ја заштити вашата кожа од штетата што ја нанесуваат УВ зраците.

Ја подобруваат плодноста

Зголемувајќи го нивото на тестостерон кај мажите, гоџи бобинките го подобруваат и квалитетот на спермата.

Помагаат во борбата со килограмите

Гоџи бобинките имаат сладок вкус, но истовремено се богати со влакна и имаат малку калории. Па, ако го замените другото сушено овошје со овие бобинки, полесно ќе ја изгубите непосакуваната тежина.

Дали има несакани ефекти?

Секогаш е добро да се консултирате со вашиот лекар пред да внесете нешто ново во исхраната, но гоџи бобинките се безбедни. Сепак, внимавајте доколку имате ниско ниво на шеќер во крвта, ако имате проблеми со крвниот притисок или ако сте бремени.

Сушени или свежи гоџи бобинки?

И двете опции се добри, но сувите гоџи бобинки содржат многу малку вода, иста количина здрави хранливи материи, и овозможуваат повеќе витамини за телото. Па затоа е подобро да ги консумирате сушените.

Колку бобинки се доволно?

Ова зависи од повеќе фактори, како вашата возраст и вашето здравје. Ако имате некакви здравствени состојби, секогаш консултирајте се со лекар. Луѓето кои немаат никакви здравствени проблеми, може да консумираат околу 150 грама свежи бобинки и 10 до 30 грама сушени.

Погледнете и кои други прехранбени производи се одлични за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар