Го чекате вистинскиот момент? Еве како да препознаете дека дошол!

Имате ли сон што по некоја случајност, секогаш сте одложувале да го остварите бидејќи сте чувствувале како да не е вистинскиот момент? Поголемиот дел од луѓето знаат што сакаат, но се плашат да го преземат клучниот чекор за да ги остварат своите желби. Но, имајте на ум дека тоа не мора да биде така. Не мора да живеете во страв. Сè што треба да направите е да искористите тоа што го имате во моментов, да се сосредоточите на тоа што го гледате пред себе и едноставно да почнете!

Го чекате вистинскиот момент? Еве како да препознаете дека дошол!

Не мора да имате диплома, да работите со најдобриот тим или пак, да го имате совршениот веб-сајт за да започнете со нова кариера. Не мора ни да го имате совршеното тело, како и финансиите што сте ги замислиле во вашата глава за да почнете со сериозна врска. Не треба ни да изгубите 10 килограми за да се пријавите на танцов натпревар.

Не мора да се грижите за тоа што другите го мислат за вас или пак, за тоа што мислите дека се очекува да го направите. Не мора ни да чекате некој да ви помогне. Тоа што треба да го направите е да си дозволите да започнете во истиот овој момент. Не е важно ни ако идејата сè уште не ви е „детално“ разработена. Дури и да е, животот е толку непредвидлив што не можете со сигурност да знаете дека нема да наидете на препреки.

Имајќи го сè ова на ум, сигурно веќе сфативте дека чекањето совршен момент е едноставно губење време. Не постои „совршена“ точка во времето и просторот што ќе ви помогне брзо и лесно да си ги остварите вашите соништа. Единственото вистинско време е сега!

Уште не можете да се одлучите? Еве неколку совети што ќе ви помогнат да го надминете стравот со цел да ги остварите своите соништа…

Кое е најлошото можно сценарио?

Навистина, што би можело да биде тоа? Бидете реални! Што е најлошото нешто што може да ви се случи? Реалниот одговор е помалку страшен од оној што нашата фантазија може да го замисли.

Научете да го разбирате вашиот страв

Можеби ви изгледа примамливо да ги скриете стравовите под тепих, но имајте на ум дека нивното потиснување додека се мачите да ги остварите соништата, на долг рок може да ви доведе голема штета. Научете да ги слушате своите чувства. Сфатете што ги поттикнува вашите стравови и дури тогаш ќе можете да се ослободите од нив.

Опкружете се со позитивност

Најдобриот начин да ги „преживеете“ промените и да го извлечете најдоброто од нив е доколку се опкружите со пријатели и членови од семејството што ве поддржуваат. Тие ќе ви дадат поттик да ги надминете своите стравови и секојдневно да се движите само напред.

Едноставно делувајте

Да, вие би можеле да го поминете целиот ден во седење, планирање и подготвување за своите соништа. Веројатно би можеле дури и да смислите 100 или повеќе причини зошто би требало да се откажете од нив. Но, тоа е само уште една причина зошто не би требало да го сторите тоа. Надминувањето на стравовите без сомнение е една од најстрашните нешта, но верувајте, крајната дестинација се исплати за маката!

Делувајте сега и живејте го животот без каење!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар