Глумите среќа? Исцрпени сте? Време е да го оставите она што го имате и да продолжите понатаму

Глумите среќа? Исцрпени сте? Време е да го оставите она што го имате и да продолжите понатаму

Самата помисла на раскинувањето, може да се чини застрашувачка. Силните емоционални врски и чувствата ни отежнуваат за да ја направиме таа одлука, дури и кога знаеме дека со останувањето ја ставаме нашата среќа на коцка. Меѓутоа, многу е важно да прифатите дека понекогаш треба нешто да пуштиме од нашиот живот и да продолжиме понатаму. Навиката, длабоките чувства, за некои луѓе можат да предизвикаат зголемување на стресот, вознемиреноста и горчината. Тоа може негативно да влијае на сегашноста, но и на иднината. Но, можете да донесете и свесна одлука дека е време да заминете, за да можете повторно да живеете мирен и среќен живот. Ова се 10-те знаци кои ви велат дека е време да оставите некоја личност во минатото и да продолжете понатаму.

1-glumite-srekja-iscrpeni-ste-izolirani-vreme-e-da-go-ostavite-ona-shto-go-imate-i-da-prodolzhite-ponatamu-www.kafepauza.mk_

1. Се менувате во нешто што не сте вие

Вашите лични цели, вашите вредности и соништа ве дефинираат како личност. Доколку чувствувате дека овие особини не се развиваат во насоката во која посакувате, или дека вашите родители/пријатели/партнер/работа се оние кои ве попречуваат и се обидуваат да направат од вас нешто што не сте, тогаш е време да тргнете понатаму, бидејќи во спротивно нема да бидете среќни додека ја играте оваа улога.

2. Вашите соништа сè потешко и потешко се остваруваат

Едно време верувавте дека сите вашите соништа се остварливи, но сега имате чувство дека е невозможно да ги постигнете или дека се само губење време. Доколку се чувствувате така, тоа значи дека е потребно да преземете некои нови мерки за повторно да ги ставите вашите соништа на прво место.

3. Глумите среќа

Доколку забележите дека секој ден се смеете лажно, тоа е чист доказ дека тоа не сте вие, дека не сте свои. Оставете го сето она што ве прави несреќни, бидејќи заслужувате да го живеете вашиот сопствен живот онака како што посакувате. Сето останато и лажно, само го намалува квалитетот на вашиот живот.

4. Исцрпени сте

Секој ден се чувствувате сè поуморно, а тоа делумно се однесува на вашата работа и на луѓето кои ве опкружуваат, бидејќи ја црпат вашата енергија. Застанете на момент, пронајдете го изворот од каде што истекува вашата енергија. Одлучете се дека ќе промените нешто и повторно ќе го наполните.

5. Се чувствувате изолирано

Доколку постојано се чувствувате несфатено и осамено, најверојатно е време да се опкружите со нова група луѓе. Ако тие ве ценат, ќе се чувствувате важно и ќе ве прифатат какви што навистина сте.

3-glumite-srekja-iscrpeni-ste-izolirani-vreme-e-da-go-ostavite-ona-shto-go-imate-i-da-prodolzhite-ponatamu-www.kafepauza.mk_

6. Чувствувате досада

Кога ќе се разбудите наутро, некако не ви се станува од креветот, ве опкружуваат негативни мисли, огорчени сте, бидејќи знаете дека денот ќе ви помине без врска. Повторно, уште еден знак дека треба нешто да промените.

7. Не чувствувате почит од другите

Се чувствувате дека сите ве земаат здраво за готово, како луѓето да очекуваат од вас секогаш да бидете достапни, дека секогаш ќе помогнете, а вие не чувствувате никаква благодарност од нивна страна, ниту пак признание за вашите дела. Значи, луѓето кои се наоѓаат во вашата непосредна близина и не ве почитуваат како личност, слободно избришете ги од вашиот живот и пронајдете нови пријатели кои ќе ве сакаат и ќе бидат среќни што ќе ви имаат покрај себе.

8. Постојано се жртвувате за некого

Луѓето секогаш очекуваат да се откажете од вашето време, енергија и пари, а тие не ви ги враќаат услугите кога вам ви се потребни. Природно е да чувствувате болка и тешкотија. Значи, одлучете се уште колку долго сакате да се чувствувате така.

9. Барате оправдувања и изговори за останатите

Го оправдувате однесувањето на другите затоа што се плашите да ги прекинете односите и чувствувате дека немате сила да го направите првиот чекор. Затоа честопати велите: „Тој не беше нечувствителен, само имаше тежок ден“ или „Таа има може без предупредување да избувне, а јас сум повеќе смирен тип, па така се навикнав на нејзините испади“.

10. Константно се борите и се обидувате да ги поправите работите иако би требало да се свртите и да заминете

Одново и одново се обидувате да ги средите и да ги смирите сите останати, со мал или никаков успех, а вашите потреби ги ставате на страна. Запомнете, вие имате еден живот кој е само ваш, направете го среќен и продолжете понатаму!

2-glumite-srekja-iscrpeni-ste-izolirani-vreme-e-da-go-ostavite-ona-shto-go-imate-i-da-prodolzhite-ponatamu-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар