Гинеколозите откриваат што најмногу ги нервира кај нивните пациентки

За многу жени одењето на гинеколог не е пријатно. Но, редовните прегледи и отворениот разговор со својот доктор можат многу да придонесат за здравјето на жената. Затоа, ви откриваме како да постигнете најдобра меѓусебна соработка со вашиот доктор, избегнувајќи ги нештата кои непотребно влијаат на вашиот однос.

Gynecologist

1. Извинување бидејќи не сте депилирани

Вашиот доктор има на располагање неколку минути кои треба да ги помине со вас, а тоа време сигурно не треба да го трошите за да кажете кога последен пат сте се средиле. „Многу пациентки се извинуваат бидејќи не се издепилирале“, вели гинекологот Морин Мулвил. „Но, јас тоа не го забележувам, ниту пак некој од моите колеги ќе обрне внимание на тоа. Нас не ни е грижа колку често се грижите за вашите влакна, туку за вашето здравје. Влакната се нормална појава и сите ги имаме“, појаснува докторката.

2. Кога прегледот ќе го одложите заради менструација

Сите гинеколози се сложуваат со едно – не одложувајте го прегледот затоа што сте добиле менструација. Новите технологии кои се користат за ПАП-тестот овозможуваат да се добијат точни резултати дури и во она време од месецот, објаснува д-р Дана Џекоби. „Запомнете, јас сум гинеколог и имам изведено многу породувања, сум видела големи количини крв“, вели таа. „Помило ми е кога пациентките си доаѓаат на закажаниот преглед.“ Посебно е важно ако обилно крварите и тоа ве загрижува. Во тој случај гинекологот ќе може да види што поточно се случува. Но, во екстремни ситуации, доколку крварењето е премногу обилно, можеби е сепак подобро да презакажете, објаснува д-р Ненси Лебовиц, бидејќи може да се случи лабораторијата да побара нов ПАП-тест.

3. Кога самите си поставувате дијагнози

Постојат лекови без рецепти кои можете да ги употребите за да се ослободите од габични инфекции, но ако сте барем малку загрижени, треба да видите што има да каже вашиот доктор во врска со тоа. „Не доаѓајте на преглед доколку веќе користите некој лек, бидејќи тогаш e многу тешко да се направи проверка. За лечење инфекции на уринарниот тракт ви требаат антибиотици на рецепт и кога би почнале да ги користите, задолжително треба да ги испиете до крај. Жените во нормални околности би се чувствувале подобро во рок од 24 часа од почетокот на користење на лекот, но тоа не значи дека треба да се престане со конзумирање“, вели Бет Батаљино, членка на непрофитното здружение кое се занимава со образование на жените за нивното здравје. Напоменува и дека доколку сте склони на повторување на инфекциите, најдобро е да се обратите кај лекар.

4. Кога не кажувате кои лекови ги користите

Можеби мислите дека лековите кои ги пиете не треба да му ги спомнете на вашиот доктор бидејќи не влијаат на самиот преглед или контрацептивните пилули по кои сте дошле. Меѓутоа, се лажете. Гинекологот мора да знае какви лекови користите бидејќи тоа и тоа како може да влијае на вашето здравје.

5. Кога не кажувате ни збор

Гинеколозите тврдат дека сакаат да чујат сè што ви е на ум, дури и ако тоа вам ви изгледа глупаво или чудно. „Наша должност и одговорност е да им помогнеме на пациентите да донесат правилни одлуки за својата здравствена состојба. Можеби од некои проблеми вам ви е незгодно, но ние ги гледаме секој ден“, вели гинекологот Дана Џекоби. Во некои случаи, срамежливоста може да ви го загрози животот. Докторката Ненси Лебовиц се присетува на пациентка која имала осип на рацете: „Кога ја прашав колку долго тоа трае, таа поцрвене што значи дека бил присутен веќе подолго време. После подолги прегледи е утврдено дека има лимфом.“

6. Кога не се тестирате редовно за рак на грлото на матката

Експертите се сложуваат дека нема сомнеж дека редовните прегледи на грлото на матката можат да спасат живот. „Сите знаеме за пациентките кои чекале предолго за да побараат помош. На пример, исцедок со непријатен мирис, за жал, лесно може да биде дијагностициран како рак на грлото на матката од четврти степен“, кажува Батаљино.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар