Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин

29 April, 2012 2 коментари од

Џорџ Карлин – човекот кој за религијата и политиката зборуваше без влакна на јазикот. Своите ставови по овие прашања му обезбедија посебно место во светот на стенд-ап комедијата. Со неговиот вознемирувачки црн хумор и критика, Карлин стана особено омилен кај публиката. На тапет кај Ирецот беше американското општество.

На 22 јуни, 2008 година, светот остана без легендарниот комичар, но очигледно не и без неговото влијание. Тој е меѓу најцитираните личности, а неговите видеа се меѓу најгледаните на интернет…Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин

„Атеизмот е непрофитна организација.“

„Пливањето не е спорт. Пливањето е начин да се спасите од давење. Тоа е само здрав разум!“

„Ако е точно дека нашиот вид е единствен во универзумот, тогаш морам да кажам дека универзумот имал прилично ниска цел и се задоволил со многу малку.“

„Само што ја открив суштината на животот… и тие ја сменија.“

„Повеќето луѓе работат доволно напорно за да не бидат отпуштени од работа и доволно се платени за да не дадат отказ.“

„Немам страв од височина. Страв ми е да не паднам од височина“.

„Имам исто толку авторитет колку и Папата. Само немам толку луѓе кои веруваат во него.“

„Искреноста може да биде најдобрата политика, но важно е да се запамети дека очигледно, по пат на елиминација, нечесноста станува втората најдобра политика.“

„Никој не знае што е следно, но сите го прават тоа.“

„Причината за тоа што разговарам самиот со себе е тоа што јас сум единствениот чии одговори ги прифаќам.“

„Временска прогноза за вечерва: Темница. Таа ќе продолжи во текот на целата ноќ и ќе заврши со широко распрскана утринска светлина.“

„Јас не сакам да мислам на законите како на правила што мора да се следат, туку повеќе како на предлози.“

„Должноста на еден комичар е да дознае до каде е границата и намерно да ја премине.“

„Дали сте забележале дека оној што вози побавно од вас е идиот, а оној што вози побрзо манијак?“

„И ‘немам коментар’ е коментар.“

„Кога се раѓате добивате карта за шоуто на фрикови, а кога се раѓате во Америка добивате седиште во првиот ред.“

„Планетата е во ред. Луѓето се за никаде.“

„Единствената добра работа која произлезе од религијата е музиката.“

„Дали сте забележале дека адвокатот е секогаш со поширока насмевка од клиентот?“

„Го нарекуваат ‘Американски сон’, бидејќи за да поверувате во него, вие мора да сте поспани.“

„Религијата е како пар чевли… Најдете пар што ви одговара, но не терајте ме да ги носам вашите чевли.“

„Смејте се често, долго и гласно. Смејте се сè додека не останете без здив.“

„Некои ја гледаат чашата полупразна, некои полуполна. Јас ја гледам два пати поголема отколку што треба да биде.“

„Никогаш не потценувајте ја моќта на глупавите луѓе во големи групи.“

„Издвојувањето на посебен дел за пушачи во рестораните е исто како да издвоите посебен дел за мочање во базените.“

„Ако 4 од 5 луѓе страдаат од дијареа, дали тоа значи дека еден ужива во неа?“

„Што ако немаше хипотетички прашања?“

„Во секоја ситуација има по една смешна страна. Предизвикот е да ја пронајдете.“

„Не давајте ù ги парите на црквата. Таа треба вам да ви ги дава нејзините пари.“

„Постојат ноќи кога волците се тивки, а месечината завива.“

„Во секој циничен човек, живее разочаран идеалист.“

„Помислете колку е глупав просечниот човек и ќе сфатите дека половината од луѓето се поглупави и од тоа.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Живот, Занимливости, Совети

Tags: , , , , , , ,

За авторот

Авторот нема оставено информации на својот профил.

2 коментари за “Генијалноста на легендарниот комичар Џорџ Карлин”

  1. alex says:

    He loves you, and He needs money! He always needs money! :D

  2. Радмила says:

    Кафепауза, се повеќе и повеќе ме изненадувате со добрите статии, секоја чест :)

Остави коментар

Read more:
Работи што не помислувате да ги исчистите
Работи што не помислувате да ги исчистите

5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате
5 модели од соништата на БМВ кои никогаш нема да ги поседувате

Необична уметност: лебдечки облачиња во соба
Необична уметност: лебдечки облачиња во соба

Close