Гаспачо – летна доматна супа

Студено, вкусно, освежително и хранливо летно задоволство од шпанската кујна…Гаспачо – летна доматна супаПотребни состојки:

  • 4 големи свежи домати (секој да тежи од 250 до 270 грама)
  • 1 голема пиперка
  • 1 голема краставица
  • 4 чешниња лук
  • 2 кафени лажици вински оцет
  • 4 супени лажици маслиново масло
  • Сол, свежо мелен црн пипер и босилек

Начин на подготовка:

Излупете ја краставицата и исечете ја на мали парчиња коцки. Потоа отстранете ги семките од пиперката и неа ситно исецкајте ја. Доматите најпрво засечете ги малку на врвот во облик на крст и полејте ги со топла вода. Оставете ги така да постојат од 2 до 3 минути, па сменете ја водата со млака. По една минута ќе можете лесно да ја отстраните нивната лушпа. Откако ќе ги излупите, исечете ги на парчиња и заедно со останатиот зеленчук ставете ги во блендер. Додадете ги лукот, маслиновото масло, солта, црниот пипер и оцетот и вклучете го блендерот на ниски вртежи. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Вака приготвената супа ставете ја во фрижидер и оставете ја околу 30 минути да се излади. Сервирајте со малку маслиново масло и босилек.

Добар апетит!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар