Фризура: плетенка „водопад“

Здодеано ви е од секојдневните плетенки? Погледнете ја оваа интересна и необична фризура со која ќе го освежите својот изглед. Фризура: плетенка „водопад“1. Разделете ја косата на нејзината природна страна.

2. Земете мал прамен и поделете го на 3 дела.

3. Направете француска плетенка со должина од 5,6 сантиметри.

4. Откако ќе направите француска плетенка од неколку сантиметри, отпуштете го горниот дел од плетенката (првиот прамен) и дозволете му на праменот да падне надолу.

5. Одберете нов прамен од вашата коса од делот кој се наоѓа веднаш зад местото каде што ја отпуштивте плетенката. Овој прамен ќе биде новиот дел од вашата француска плетенка.

6. Продолжете да се движите околу вашата глава. Запомнете, секој пат кога ќе одберете прамен од врвот на вашата глава за да додадете нова плетенка, оставете го да се отпушти и потоа заменете го со нов прамен.

7. Кога ќе пристигнете до другата страна од вашата глава, зацврстете го крајот на плетенката со мали црни шноли.

Оваа фризура знае да биде малку комплицирана за правење, но со малку вежбање многу брзо ќе можете да ја направите совршена. Фризура: плетенка „водопад“ Дополнителни совети:

  • Убаво исчешлајте ја косата пред да започнете со фризурата.
  • Поделете ја косата на својата природна страна. Приспособете ги инструкциите на вашата коса.
  • Фризурата најдобро изгледа доколку ја направите на вториот ден после бањање. Во овој случај плетенките подобро ќе држат. Чистата коса знае да биде многу лизгава.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар