Фритата со зеленчук и сирење: Појадок според најпребаруваната диета за 2017-та година

Што е катогена диета? Ова е најпребаруваниот здравствен поим во 2017-та година според Гугл. Станува збор за специфичен начин на исхрана кој им дава предност на здравите масти и го ограничува внесувањето на јаглехидрати на максимално 50 грама дневно.

1-fritata-so-zelenchuk-i-sirenje-pojadok-po-mera-od-najprebaruvanata-dieta-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Заради намаленото внесување на јаглехидрати во црниот дроб се разградуваат масните киселини и се произведуваат кетони. Не само што во овој тип исхрана е забрането консумирањето леб, тестенини и ориз, туку истото важи и за шеќерите, што благотворно делува на рамнотежата на хормоните во организмот, создава подобар тен, како и предизвикува топење на масното ткиво. Ви откриваме рецепт за вкусна фритата која е одличен оброк за почеток на денот.

Потребни состојки за 6 до 8 личности:

  • 450 грама мешан зеленчук по желба (спанаќ, кељ, блитва, пиперки)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 150 грама моцарела, исечкана на коцки
  • 110 грама фета сирење
  • 100 грама млад кромид
  • 12 јајца
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. Премачкајте огноотпорна тава со една лажица маслиново масло, за да ја подготвите за печење на фритатата. Во голема тава, на ниска температура, загрејте ја втората лажица маслиново масло. Додајте го зелениот зеленчук и мешајте го до две минути додека не омекне. Префрлете го зелениот зеленчук во огноотпорната тава.

Исечкајте ја моцарелата на коцки, сирењето изгмечете го на ситни парчиња и исечкајте го младиот кромид. Ако при рака немате млад кромид можете да употребите и обичен кромид. Сирењето и кромидот посипете ги преку зелениот зеленчук.

Скршете ги јајцата и нежно мешајте додека не добиете еднолична смеса. Прелијте ја смесата од јајца врз зелениот зеленчук, сирењето и кромидот. Ставете сол и бибер по желба. Имајте на ум дека сирењето е солено и не морате да претерувате со додавањето на тој зачин.

Ставете во загреана рерна и печете од 40 до 45 минути. Послужете со лажица кисела павлака. Пријатно јадење!


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар