Француска салата од компири

Едноставна и вкусна салата која ќе ве најаде

Француска салата со компири

Потребни состојки за 4-6 лица:
  • 0,5 кг бели компири
  • 0,5 кг црвени компири
  • 2 супени лажици бело вино
  • 2 супени лажици сок од варено пилешко (или коцка за супа)
  • 3 супени лажици вински оцет
  • 1/2 мала лажичка сенф
  • 2 мали лажички крупна сол
  • 3/4 мала лажичка црн пипер
  • 10 супени лажици маслиново масло
  • 40 грама ситно сечкан млад кромид (и белиот и зелениот дел)
  • 2 супени лажици мирудија
  • 2 супени лажици свеж сечкан магдонос
  • 2 супени лажици свеж сечкан босилек
Начин на подготовка:

1. Откако ќе ги сварите компирите (варете ги 20-30 минути во солена зовриена вода), оставете ги десетина минути да се исцедат и изладат, а потоа пресечете ги на половинки, а ако се поголеми може и на помалку делови. Додадете ги виното и пилешкиот сок и дозволете да се впијат во компирите со нежно мешање.

2. Во сад ставете ги маслиновото масло, винскиот оцет, сенфот, пола лажичка сол и ¼ лажичка црн пипер и мешајте сè додека не добиете хомоген прелив за салата, кој меѓу Французите е познат како винегрет. Потоа прелијте ги компирите со него.

3. Потоа додадете го и остатокот од зачините, кромидот, босилекот и магдоносот и добро измешајте. Се сервира топло или на собна температура.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар