Фото диета: Како да изгубите 10 кг за 15 минути?

Моделите во магазините изгледаат тенко и привлечно, не само заради употребата на Фотошоп. Доброто позирање исто така е клучна работа која значително може да ви ги намали килограмите на фотографиите. Австралиската фитнес инструкторка Мел Ви ни открива што треба да направите за вашето тело да изгледа потенко и попривлечно.

0-foto-dieta-kako-da-izgubite-10-kg-za-15-minuti-kafepauza.mk

Фотографијата од левата страна е направена 15 минути пред онаа на десната. Која е нејзината тајна?

  1. Нанела спреј за самопотемнување кој визуелно ја истанчил.
  2. Ги исправила рамењата и ги зафрлила наназад.
  3. Го вовлекла стомакот.
  4. Застанала во широк расчекор вртејќи го едниот колк странично кон камерата.
  5. Ја пуштила косата.
  6. Се насмеала.
  7. Одзумирала за телото да се гледа од далеку на фотографијата.
  8. Употребила фото филтер кој додал топлина и острина на фотографијата.
  9. Ги сменила гаќичките со црн модел во поголем број.

1-foto-dieta-kako-da-izgubite-10-kg-za-15-minuti-kafepauza.mk

Советите и фотографијата започнаа вистинска мала револуција на социјалните мрежи, а трендот на фотографирање во костим за капење кој симнува 10 кг од телото се рашири со брзина на пожар.

Па, дами, дали ќе ја пробате оваа диета?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар