Фокусирајте се на вашите задолженија, туѓите оставете им ги на другите

Фокусирајте се на вашите задолженија, туѓите оставете им ги на другите

Калин Бабушку

Сите ние си имаме свои задолженија, како на работа, така и дома, но неретко знаеме да направиме екскурзии и да се „позанимаваме“ со задолженијата на другите, а нашите да ги занемариме. И сè е тоа во ред сè додека нашите задолженија не се завршени навреме и правилно.

fokusirajte-se-na-vashite-zadolzhenija-tugjite-ostavete-im-gi-na-drugite-kafepauza.mk

Има многу работи кои влијаат на тоа, но мислам дека моментот на „туѓото е послатко“ е она што нѐ влече да се зафатиме со туѓите работи, па дури после тоа со нашите. И сето тоа мешање во туѓите работи незавршување на своите, влијае како на вас, така и на самата средина во којашто сте. Влијае на вашата самодовербата, но и на самодовербата на вашите колеги, пријатели, брачни другари итн. Не велам дека не треба да се помогне, туку сакам да обрнам внимание на завршување на своите обврски и задолженија. А не, помагаме на сите, а тоа што ние треба да го завршиме го оставаме последно или го завршуваме површно. Е, па тоа не е во ред.

Еве ви неколку совети како да се држите до вашите задолженија, па дури после тоа на туѓите:

  • Правилна работна позиција – Можеби ќе треба да поразговарате со тој/таа што ви ги доверил тие задолженија за тоа дали тие се прифатливи за вас, односно дали сте вие за тие задолженија.
  • Фокус – Бидете фокусирани на она што го работите и на вашите задолженија, со тоа што ќе дадете максимум од вас. Дополнително на ова, фокусирајте го целосно вашето внимание на она што го работите. Немојте да бидете површни.
  • Сигурност – Бидете сигурни во себе и во она што ви е дадено како задолжение. И да згрешите, не е крај на светот. Но, гледајте да грешите што помалку.
  • Нека не ве интересира што прават другите, ако вие не сте ја завршиле вашата работа.
  • Емоции – Научете се да ги контролирате емоциите и мислите. Тоа ќе ви помогне многу да бидете фокусирани на она што го работите.
  • Максимум од себе – Давајте максимум од себе за сè што работите, па дури и за оние задолженија кои не ви се баш по ќеиф.
  • Имајте листа на задолженија пред вас и гледајте да се држите до неа. Тоа ќе ви помогне да се држите до вашите задолженија, а не до туѓите.
  • Стрес – Контролирајте го стресот затоа што тој може да ви го одвлече вниманието од вашата работа.

И јас тука можам да ви напишам уште мал милион совети како да се држите до вашите задолженија, но сепак најважно е: Прво средете си го вашиот двор, па мешајте се во дворовите на другите околу вас.

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар