Фокусирајте се на себеси: 3 клучни совети кои ќе ве направат посреќни

Фокусирајте се на себеси: 3 клучни совети кои ќе ве направат посреќни

Ние, како жени, постојано се соочуваме со притисоци од разни статии во врска со тоа како да им удоволиме на мажите – како да бидеме поубави, што да правиме за да нѐ сакаат повеќе и сл. Она што го забораваме е дека многу поважно е како ние се гледаме себеси. Постојат толку многу статии кои диктираат како да се однесуваме, што да кажуваме, како да се облекуваме и сл. Време е да престанеме да го правиме тоа и да се фокусираме на себеси.

1. Вие не секогаш сте личноста која другите мислат дека сте

Вашиот изглед можеби е првото нешто што луѓето го забележуваат кај вас, но голем дел од времето тоа не е единственото нешто. Иако вашиот изглед кажува едно нешто, начинот на кој се однесувате може да кажува нешто сосема поинакво. Вие можете да бидете најубавата личност на планетата и сепак да имате ужасен карактер. Кој би сакал да биде околу таква личност до крајот на животот? Убавината бледнее, а карактерот не.

Важно е да знаете дека луѓето кои мислат дека ве знаат не секогаш ве познаваат. Можеби сте спиеле со голем број момци, па луѓето мислат дека сте лесна. Ако вие не се гледате така и не жалите за стореното, тогаш дали навистина сте лесна? Да ви помогнеме: Не сте. Никој нема право да ве дефинира. Вие и само вие имате таква моќ.

2. Владејте со вашите силни страни

Можеби мислите дека вие не сте доволно добра за некого, а вистината може да е дека тој не е доволно добар за вас. Ако им дозволите, другите можат да ве убедат во разни глупости – не сте доволно добри, паметни, убави… Клучот е во тоа да не ги слушате. Важно е да се фокусирате на нештата кои вие ги знаете и да се вооружите со самодоверба.

Вие сте силни, прекрасни и убави. Само некогаш е потребен вистинскиот маж за да го согледа тоа. Мажите не смеат да влијаат на начинот на којшто се гледате себеси. Нема потреба да се омаловажуваме себеси само затоа што мислиме дека не сме она што мажите го сакаат.

2-fokusirajte-se-na-sebesi-3-kluchni-soveti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-kafepauza.mk

3. Не ги омаловажувајте другите жени

Честопати ќе сретнете висока убава девојка на улица и ќе си помислите: „Зошто јас не сум како неа?“ и веднаш ќе почнете да ѝ завидувате на изгледот мислејќи дека вашето момче попрво би бил со неа отколку со вас. Наместо да го правите тоа, пробајте да ја поддржите. Жените треба да се поддржуваат една со друга, а не да се сметаат за непријателки. Факт е дека секој има нешто што го мрази кај себе – дали тоа била тежината, висината, косата или што било друго. Сите имаме нешто поради кое не се сакаме себеси, но важно е да се прифатиме онакви какви што сме и да ги прифатиме луѓето околу нас.

Од есенцијална важност е да се фокусирате на себеси и тоа што ве прави вам среќни. Не се менувајте затоа што така ви налага некој текст на интернет. Вие сте најдобрата верзија од себеси која можете да бидете. Време е да бидете горди на тоа и да се сакате себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар