Флертувачки коктели за св. Валентин

Денеска, според католичкиот календар, е Св. Валентин, а според православниот Св. Трифун, па така што и да славите со сигурност убаво ќе си поминете. Сепак, доколку сакате да ги искомбинирате овие два празника, еве неколку одлични коктели кои ќе ви помогнат да го направите тоа.
.

Забранета љубов (Amore Vietato)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 60 ml џин
  • 30 ml леден сок од црвен портокал
  • 10 ml шербет
  • 2 јагоди
  • 2 резанки краставица

Начин на подготовка: Едната јагода и едната резанка од краставица исечкајте ги на парчиња. Во шејкер ставете ги џинот, сокот од црвен портокал и шербетот. Додадете ги парчињата овошје и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини. Украсете со јагодата и краставичката која ви остана, а од кората од портокалот можете да направите форми на срциња.
.

Љубовта е… Маргарита (Love is…Margarita)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 75 ml чоколадно млеко (ладно)
  • 25 ml текила
  • 25 g пире од јагоди
  • 1 јагода прелиена со чоколадо

Начин на подготовка: Во дебела чаша сипете ги чоколадното млеко, текилата и пирето од јагоди. Енергично промешајте за да се добие хомогена смеса и украсете со јагодата прелиена со чоколадо.
.

Цреша (Kerasi)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 60 ml вотка од праска
  • 30 g пире од цреши
  • 15 ml ликер од праска
  • 15 ml бренди од цреша
  • 15 ml сок од лимон
  • 10 ml пенливо вино

Начин на подготовка: Сите состојки измешајте ги, освен пенливото вино и сипете ги во висока тенка чаша. Одозгора сипете го виното и украсете со една цреша.
.

Присети се на минатото лето (Remember Last Summer)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 45 ml вотка од ванила
  • 45 ml ликер од јагода
  • 30 ml сок од ананас
  • 15 g крем од кокос
  • рендан кокос
  • мраз

Начин на подготовка: Сите состојки, освен ренданиот кокос, ставете ги во шејкер и силно протресете. Сипете го коктелот во голема чаша и украсете со ренданиот кокос.
.

Пунч од јагоди (Strawberry Punch)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 3 свежи јагоди
  • 3 парчиња конзервиран ананас
  • 15 ml сок од ананас (од конзервата)
  • 10 ml шербет
  • 60 ml бел рум
  • мраз

Начин на подготовка: Истолчете го овошјето и ставете го во шејкер. Додадете го мразот и останатите состојки и силно протресете. Коктелот сипете го во голема чаша и украсете со овошје.
.

Розова маргарита (Pink Margarita)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 45 ml текила
  • 10 ml кампари
  • 15 ml свеж лимонов сок
  • 15 ml мед
  • мраз

Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во шејкер и енергично протресете. Коктелот сипете го во голема чаша, а украсете со резанка лимон и лист од нане.
.

Цвет од боровинка (Cranberry Flower)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 60 ml џин
  • 25 ml лимонов сок
  • 25 ml лимонов шербет*
  • 2 Супени лажици шербет од боровинки**
  • 6 боровинки

Начин на подготовка: Столчете ги боровинките и ставете ги во шејкер. Додадете го шербетот од боровинки и од лимон, лимоновиот сок и џинот и силно протресете. Коктелот сипете го во висока чаша за мартини и украсете со три боровинки.

* При правење на стандарден шербет додавате свеж лимонов сок.
** При правење на стандарден шербет додавате свеж сок од боровинка.
.

Бакнеж од јагода (Strawberry Kiss)

Флертувачки коктели за Св. Валентин

  • 45 ml вотка од ванила
  • 15 ml ликер од јагода
  • 10 ml сок од ананас
  • 10 ml шампањ
  • 1 јагода

Начин на подготовка: Сите состојки, освен шампањот, сипете ги во тенка чаша за вино. Одозгора сипете го шампањот и украсете со јагодата.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар