Фенг шуи за вашиот дом

Фенг шуи за вашиот дом

Фенг шуи е традиционален кинески метод или уметност на одредување на најпропорционалниот дизајн и декорирање на просторот за да можете да ја постигнете максималната хармонија како резултат на протокот на позитивна енергија помеѓу вас и околината.

Фенг шуи за вашиот дом

Се верува дека вистинското фенг шуи е од голема корист за вашето здравје, богатство и среќа. Тоа е и начин на живеење, бидејќи ги вклучува сите аспекти од вашата дневна рутина, почнувајќи од вашиот работен простор, па сè до вашата спална соба, дневна или тоалет. Фенг шуи не е само обично сместување на одредени објекти, туку е наоѓање на вистинското место, боја и осветлување за секоја соба со цел да постигнете максимална рамнотежа и хармонија.

Но, пред дури и да почнете да размислувате за фенг шуи објектите, прво мора да го исчистите вашиот дом од сè она што не ви е потребно. Мора да се ослободите од сè што претставува лоша енергија. Откако ќе завршите, можете да се префрлите на боите, формите и основните фенг шуи елементи.

Петте елементи

Фенг шуи за вашиот дом

Земја, оган, дрво, метал и вода се 5-те основни фенг шуи елементи. Дрвото се претставува со зелена и кафена, огнот со црвена, силни нијанси на жолта, портокалова, виолетова и силна розова. Белата и сивата се употребуваат за металот, сината и црната за водата, додека пак земјата е нежно жолта, светло кафена или боја на песок.

Зелената е одлична за подобрување на вашето здравје и би требало да биде искористена во Источната фенг шуи багуа област во вашиот дом. Белото би требало да има свое место во Северната багуа област за раст на кариерата, во Источната може да помогне за фамилијата и здравјето, додека пак местото во југоисточната е резервирано за богатството.

Тројството

Главните енергетски центри во вашиот дом се во спалната, тоалетот и во кујната. И покрај тоа што овие соби се клучни за протокот на позитивната енергија, не значи дека не би требало да ги средите и другите простории, од подрумот па сè до ходниците. Започнете со мали фенг шуи објекти, бидејќи целта не е одеднаш да го пренатрупате вашиот дом. Погрижете се да обрнете поголемо внимание на осветлувањето и не заборавајте на боите.

Фенг шуи објекти за тоалетот

Фенг шуи за вашиот дом

Во фенг шуи филозофијата, тоалетот се смета за место каде што се акумулира негативната енергија. Доколку сакате да го направите ова место попозитивно, мора да се погрижите да изгледа како мини спа. Користете огледала, но погрижете се да не можете да го видите одразот на тоалетната школка во нив. Одржувајте го многу чист, поставете некое растение како бамбус и користете миризливи стапчиња или масла за да создадете мирно место. Свеќите исто така се добредојдени, како и релаксирачката музика. Вашата бања би требало да биде местото каде што ќе се ослободите од негативните мисли и стресот.

Фенг шуи објекти за кујната

Кујната се смета за срцето во вашиот дом, но исто така е и симбол за богатство и напредок. Свежи цвеќиња или овошја се добредојдени. Нежната жолта боја е најсоодветен избор за ѕидовите. Кујната е комбинација од сите елементи: имате рерна како оган, дрвени елементи кои ја претставуваат земјата, водата поминува низ мијалникот, металот може да се пронајде во кујнските додатоци за готвење.

Мијалникот би требало да биде веднаш до прозорот, бидејќи сината на небото е и бојата на водата. Дрвените елементи, вклучувајќи ги и масата или шанкот би требало да имаат нежни рабови. Сè во кујната би требало да биде позитивно, па би можеле да си поиграте со боите, како и со елементите, но пазете да не претерате и да направите да изгледа пренатрупано.

Фенг шуи објекти за спалната

Фенг шуи за вашиот дом

Употребувајте само слики, фотографии или уметнички дела кои сакате да ги доживеете во вашиот живот. Избегнувајте да го наместите креветот во линија со вратата и погрижете се тој да ви биде достапен од двете страни. Свеќите се одлично фенг шуи осветлување за во спалната, но погрижете се секогаш да имате свеж воздух – отворајте го прозорот почесто.

Не треба да имате ни телевизор ни компјутер во вашата спална соба. Употребувајте различни нијанси на црвена за страст и љубов, но пазете да не претерате, па за да го одржите балансот, комбинирајте со пастелни бои. Исто така можете да декорирате со статуи од Буда, бамбуси што носат среќа или багуа приврзоци.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар