Фенг шуи совети за подобар љубовен живот

Без разлика дали сте во врска или сè уште трагате по вашата сродна душа, доколку ви треба промена која ќе го промени вашето предвидливо секојдневие може да се свртите кон фенг шуи.

Оваа древна кинеска вештина се залага за урамнотежување на енергиите со цел постигнување на хармонија и среќа. Оние кои практикуваат фенг шуи веруваат дека тоа е и најдобриот начин за привлекување љубов во животот. Клучниот елемент е позитивната животна енергија чи, која треба слободно да минува низ вашиот живот и низ вашата спална соба. Штом тој проток запре, тоа негативно ќе се одрази на вашиот живот. Затоа е потребно да ја вратите рамнотежата и да го создадете потребниот простор за проток на таа позитивна енергија. Овие совети можат да ви помогнат да ја пронајдете или да ја задржите вашата страст во животот.

Фенг шуи совети за подобар љубовен живот

1. Одберете го вистинското место

Позицијата на спалната соба во домот е од исклучителна важност. Идеално би било таа да гледа кон југозапад, а ако тоа не е возможно, тогаш југозападното ќоше во собата би требало да биде средиштето на вашата романса. Направете го тој простор посебен – украсете го со заеднички фотографии или предмети кои се симбол за љубов и романтика, но кои истовремено имаат одредено значење за вашата врска.

2. Средете го просторот и ослободете се од минатото

Реорганизирајте и средете ја вашата соба. Нередот го блокира протокот на позитивната енергија, затоа засукајте ги ракавите и фрлете се на чистење. Фрлете ги сите непотребни ствари, посебно оние кои ве потсеќаат на пропаднатите врски, како фотографии со бившите, писма, подароци и слично.

3. Направете простор за љубов

Без разлика дали сте во потрага по нов партнер или пак сакате да остварите подлабока конекција со моменталниот, мора да направите простор за нив во вашиот живот, а особено во спалната соба. Така, ако вашите плакари се сосема полни со ваши ствари, ослободете барем 25% од просторот. Исто така купете уште една четка за заби. На тој начин сами на себе си покажувате дека имате волја и подготвеност за делење на тој простор со некој друг.

4. Преместете ги работното биро и справите за вежбање

Спалната соба е место за спиење и интимност, па во неа не би требало да вежбате, ниту да работите. Затоа отстранете ги предметите кои се поврзуваат со работа и со вежбање. Енергиите поврзани со тешката работа и физичкиот напор треба да ги чувате надвор од спалната.

5. Заеднички фотографии, огледала, растенија

Ослободете се од сликите кои прикажуваат една личност или украси кои симболизираат осаменост и самотија. Наместо нив, побарајте романтични уметнички дела или предмети кои прикажуваат парови. Свеќите, перниците и цветните украси се добар избор за подобрување на љубовниот живот.

Фенг шуи совети за подобар љубовен живот

Кружното огледало е добра идеја бидејќи симболизира целина и надополнување. Но, со огледалата бидете внимателни – тоа не смее да биде свртено кон врати и прозори бидејќи на тој начин ја одбива позитивната енергија од вас.

Цвеќињата исто така се препорачливи во спалната соба и во домот воопшто, само треба да бидат живи. Во никој случај не украсувајте го вашиот дом со вештачки цвеќиња. Фенг шуи се залага за сè што е природно, а се противи на сè што е вештачко.

6. Поместете го креветот

Креветот во спалната соба поставете го така за да оставите подеднакво простор од сите страни и да може да се проаѓа покрај него отсекаде. На тој начин ни вие ни вашиот партнер нема да се чувствувате ограничено.

Исто така, добро би било да го наместите креветот спроти вратата од собата. Таа положба ви дава можност да гледате кон неа, спречува изненадувања и ви дава контрола над вашата романтична средина. Ако го потпрете креветот на ѕид, на тој начин ги спречувате сите шанси за влегување на љубов во вашиот живот.

7. Задоволете ги сите ваши сетила

Вид – Користете меко осветлување во спалната, носете секси долна облека, гледајте еротски филмови со вашиот партнер.

Звук – Слушајте ја вашата омилена музика.

Мирис – Користете миризливи свеќи, лосиони и парфеми.

Допир – Секогаш имајте миена коса, носете меки свилени ношници и пижами и редовно менувајте ја постелнината.

Вкус – Одвреме-навреме почестете се себеси и партнерот со чоколадо и шампањ.

Фенг шуи совети за подобар љубовен живот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар