Фантастични трикови што ќе ви го подобрат сексуалниот живот, но и ќе ви ја зацврстат врската

Верувале или не, некои класични трикови можат навистина да го подобрат квалитетот на вашиот однос со партнерот. Без разлика дали сте скептични, сепак обидете се да примените некои од овие трикови и веднаш ќе го забележите нивниот ефект.

fantastichni-trikovi-koi-kje-go-podobrat-vashiot-seksualen-zhivot-no-i-vashata-vrska-kafepauza.mk

1. Мастурбирајте

Самозадоволувањето ќе ви помогне да научите што всушност сакате. Познавањето на вашето тело и неговите потреби е одлична почетна позиција за доживување интензивен оргазам.

2. Мечтаете без чувство на вина

Намалете го стресот користејќи ментални трикови. Фантазиите за секс во вашето слободно време се многу корисни за вашето здравје. На овој начин можете да сфатите што всушност сакате и да го пробате тоа со вашиот партнер.

3. Инсистирајте за предигра

Предиграта не е ништо повеќе од подготвување за љубовниот чин. Но, ако ја избегнувате ќе се намали квалитетот на сексот како и вашето уживање. Гледајте го вашето тело како голема ерогена зона на која ѝ е потребно што повеќе нежност.

4. Бидете себични и во креветот и во животот

Многу девојки се обидуваат да го задоволат партнерот, а притоа забораваат на своето уживање. Дозволете му на партнерот да ве масира, но запомнете дека не мора секогаш да ја вратите услугата.

5. Запознајте го вашиот клиторис

Истражувањата покажале дека жените кои се хомосексуалци многу почесто доживуваат оргазам. Ова значи дека обичниот секс не е единствениот начин на задоволување. Запознајте го вашиот клиторис со чија стимулација ќе го достигнете врвот.

6. Менувајте позиција

Истражувајте и откријте што ви одговара најмногу. Променете ги позите кои веќе ви станале навика и пробајте нешто ново. Популарната Г точка и клиторисот се стимулираат на сосема различни начини, а останува на вас да откриете кои се тие.

Погледнете ги и овие секс трикови за посилен оргазам.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар