Фантастичен трик: Како да им го продолжите свежиот вкус на јагодите?

Со топлото време ни доаѓаат и вкусните овошни плодови кои ги обожаваме: јагоди, цреши, грозје, па на крај и лубеници и дињи. Ретки се луѓето кои не го сакаат слаткиот вкус на јагодите, но проблем е тоа што тие траат кратко, имаат краток рок и брзо ја губат свежината, па на тој начин ни ја скратуваат можноста да уживаме во нив. Еве како да го зачувате вашето омилено овошје од уништување.

fantastichen-trik-kako-da-im-go-prodolzhite-svezhiot-vkus-na-jagodite-kafepauza.mk

Сепак, постои начин да ги спасите јагодите од скапување. За почеток, направете мешавина од јаболков оцет и вода во однос 1:10. Потопете ги јагодите во овој раствор и оставете ги неколку минути. Потоа добро измијте ги, исцедете ги и префрлете ги на чиста кујнска крпа за да се исушат. Потоа ставете ги јагодите во фрижидер. По ваквиот третман, јагодите би требало да останат свежи и до две недели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар