Фантастичен сос од кашкавал за крцкав начо чипс

Спремете одлична закуска за друштво, гледање филм, следење спорт или за уживање со партнерот…Фантастичен сос од кашкавал за крцкав начо чипсПотребни состојки:

  • 35 г путер
  • 15 г брашно
  • 235 мл млеко
  • 250 г кашкавал, рендан
  • сол

Начин на подготовка: Ринглата пуштете ја на средна температура, а во тава стопете го путерот и измешајте го со брашното. Потоа додадете го млекото и мешајте додека смесата не се згусне. Потоа, константно мешајќи почнете да го додавате кашкавалот. Додадете сол по желба и мешајте додека сите состојки убаво не се соединат. За подготовката ќе ви бидат потребни околу 15 минути.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Бобан Reply

    Испробана верзија … најблиска до оригиналот. Само една мала додавка на целиот овој добар рецепт … се зависи какви состојки ќе ставите внатре. Зависи од типот на кашкавалот, зависи од путерот (мое мислење, маргарин да се одбегне, бидејки доволно масно ви е млекото, да не ви дојде пре-тежок сосот ). и друга важна напомена за екстра квалитетен епилог, измешајте два вида кашкавал (вкупната грамажа на кашкавал да е колку во рецептот), од кои едниот задолжително да е жолтиот (чедар) кашкавал. Се на се … ОДЛИЧНО !

Остави коментар