Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Истражувањата станаа многу голем тренд на универзитетите ширум светот. Прочитајте кои новости се откриени во последно време.

Отсуството на утринска ерекција е лош знак

Недостатокот на утрински ерекции кај мажите претставува сериозна сигнализација дека може да се појави еректилна дисфункција, открило финско истражување спроведено на 1.000 мажи.

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Негрижата за забите може да води до неплодност

Грижете се за вашите заби доколку сакате да останете бремени. Австралиски истражувачи откриле дека кај жените кои имаат некаква болест на непцата може да се одложи зачнувањето за 2 месеци. Се смета дека воспаление во устата, може да ѝ смета на плодноста кај жените.

Телефонскиот разговор со мајката успокојува

Тим од Универзитетот Висконсин-Медисон го тестирал нивото на стрес-хормонот кај група волонтери, во моменти кога на нив им била потребна поддршка од нивните мајки. Притоа било откриено дека текстуалните пораки немале никаков ефект, но затоа зборувањето по телефон направило разлика. Било откриено дека зборувањето го поттикнува лачењето на смирувачкиот хормон окситоцин.

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Сувото грозје го регулира крвниот притисок

Грицкањето суво грозје три пати на ден може да го регулира крвниот притисок, вели истражувањето спроведено од страна на Истражувачкиот центар за метаболизам и атеросклероза во Луисвил. Тие откриле дека овој овошен десерт го намалува крвниот притисок до 10 милиметри живин столб.

Сиромашните луѓе јадат храна со поминат рок?

Посиромашните Британци си го ризикуваат нивното здравје јадејќи некои рискантни остатоци од храна, открило истражување спроведено од Агенцијата за стандарди на храната. Било откриено дека повеќе од половина од испитаниците се имале обидено да консумираат храна, и покрај тоа што нејзиниот рок бил поминат.

Бургер+цвекло = добитна комбинација

Бургерите можеби имаат многу заситени масти, но научниците од Универзитетот Абердин во Шкотска, велат дека комбинирањето на ваквиот оброк со цвекло, може многу да им помогне на љубителите на брзата храна. Антиоксидансите кои ги содржи цвеклото може да спречи вашето тело да ги апсорбира мастите од бургерот.

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Мажите кои се фит живеат подолго

Доколку сакате да живеете подолго, имајте на ум дека одржувањето на кондицијата на телото, е многу поважно отколку слабеењето. Единаесетгодишно истражување спроведено на 14.000 мажи, од страна на Американската срцева асоцијација открило дека редовниот фитнес ги намалува шансите за умирање во текот на наредните 6 години за 19 проценти.

Гледајте тажен филм кога сте нерасположени

Доколку се чувствувате депресивно и меланхолично, гледањето срцепарателен филм е вистинскиот избор за вас. Истражување спроведено во државниот универзитет во Охајо открило дека тажните филмови можат да ни помогнат подобро да размислиме и повеќе да ги цениме нашите лични врски и односи со другите луѓе.

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар